Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ ја укинува авионската линија Скопје – Будимпешта. На страницата на авиокомпанијата од 9 март 2025 не можат да се купат карти.
Копманијата не објасни зошто ја укинува, ниту дали таа ќе биде повторно вратена.
Со почетокот на зимската сезона на летање укинати беа летовите до Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста, после Божиќ нема лет ни до Бремен, а од април лани е прекината и продажбата на билети за Салцбург. Луксембург беше укинат кон средината на јануари 2024 после само два месеци летање.
Претходно, „Визер“ доби субвенции од Владата за нови летови до Лион, Барселона и Штутгарт, кои веќе се достапни за резервација.