Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вклученоста на малолетници и млади во кривични дела станува вознемирувачки феномен во Албанија

0
By Marija Todorovska on March 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Вмешаноста на малолетници и млади во кривични дела, во Албанија станува се позагрижувачка појава, констатира Гласот на Америја, редакција на албански јазик, пренесува Ора њуз.

-Речиси секоја година повеќе од 800 млади и малолетни лица вршат кривични дела како кражба, дистрибуција на дрога, возење без возачка дозвола, закани, повреди, па дури и убиство. Од нив 251 поради возраста се на условна казна, се посочува во анализата.

Според истиот извор, полициските соопштенија докажуваат секојдневни случаи на малолетници и млади луѓе кои се вмешани во контакт или конфликт со законот, туркајќи ги, најчесто, кон светот на криминалот.

-Кражбите, шверцот и дистрибуцијата на дрога, возењето без возачка дозвола, заканите, тепањето, па дури и употребата на оружје, се претежно кривичните дела кои ги носат малолетниците и младите пред вратите на полицијата и судот. Статистиката покажува вмешаност на повеќе од 800 лица, во кривични дела секоја година, се наведува понатаму.

Психологот Мањола Халими оценува дека, поради погрешна ориентација, повеќето од овие малолетни или млади луѓе доаѓаат во судир со законот.

–  Потребата да се разберат и интегрираат возрасните групи и нивните потреби, особено во Албанија, е проблем што треба да се реши, смета таа. таа.

Според официјалните податоци, во најголем процент,  малолетниците под 18 години успеваат да избегнат затворска казна преку примена од страна на обвинителството и судовите на алтернативни мерки,  што им дава можност на сторителите на кривични дела да се реинтегрираат и рехабилитираат побрзо со животот во заедницата.

Одговорните велат дека во многу случаи тешката економска состојба е пречка за нивна реинтеграција.

Според обвинителството, проблематичен останува начинот на едукација и интеграција на малолетниците сторители на кривични дела.

Во Албанија, институцијата за малолетнички казни работи во Каваја, каде во моментов престојуваат мал број малолетници, инволвирани во кривични дела, односно само 29.

Албанија Кривични дела малолетници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.