Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада на РМ VS Орце Камчев

0
By Нова ТВ on April 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Сопственик на компанијата МПМ која го издава весникот Дневник е Орце Камчев, кој истовремено е сопственик на болницата Систина, која, се посочува, вложува максимални напори да привлече повеќе пациенти од државната гинеколошка клиника во Скопје, со единствена цел да заработи повеќе пари од пациентите.“ 

Ова е денешната реакција на  Владата на Република Македонија, во врска со написот објавен во денешното издание на печатениот весник Дневник, со наслов „На клиниката за гинекологија, стари шпихозни ги налутија новите мајки-родилки“, со соопштение реагира да не се дискредитира и напаѓа ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје.

– Изразуваме задоволство што во написот објавен во весникот Дневник, инаку дел од компанијата МПМ, единствено нешто што е најдено како слабост или пропуст за ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје е обелената облека на бебињата поради честото перење и одржување на хигиената, се наведува во соопштението.

Од Владата потсетуваат дека сопственик на компанијата МПМ која го издава весникот Дневник е Орце Камчев, кој истовремено е сопственик на болницата Систина, која, се посочува, вложува максимални напори да привлече повеќе пациенти од државната гинеколошка клиника во Скопје, со единствена цел да заработи повеќе пари од пациентите. 

Во тие обиди, понекогаш немајќи посилни аргументи, весниците на МПМ, се додава, наоѓаат што било само со цел да ги омаловажат државните клиники и да ги убедат граѓаните да ги користат нивните приватни услуги, се наведува во соопштението.

– Со оглед дека весниците во сопственост на МПМ никогаш немаат напишано нешто негативно за приватната болница Систина и ништо позитивно за државните клиники и болници, би сакале во оваа прилика да ги прашаме зошто токму гинеколошкиот дел од Систина сите комплицирани и потешки случаи веднаш ги препраќа на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје каде облеката е обелена од перење? Зошто многу случаи за кои може и документирано да се докаже, откако ги третираат извесно време во моментот кога ќе дојде до компликации веднаш ги испраќаат на државната клиника? Дали затоа што новите пижами и шпилхозни во Систина не се доволни за да направаат сложени и ризични интервенции кога воопшто не е важно ништо друго освен стручноста и совесноста?, се истакнува во соопштението од Владата на РМ.

Во него се додава дека приватната болница Систина е болница во која е прилично инвестирано и веројатно постојат поетички начини и стандарди да привлечат пациенти отколку тоа да се прави преку дискредитација на јавното здравство. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.