Спомениците на Александар Велики, на Филип Втори и на Олимпија нема да се преместуваат туку ќе бидат именувани и ќе добијат епитет што треба да го имаат, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес конференција.
„ Споменикот на плоштад Македонија, кој досега се именуваше како „Воин на коњ“ ќе го преименуваме во тоа што е „Александар Македонски“ со објаснување дека овој споменик е дел од хеленскиот антички период и светското културно наследство и симбол на пријателството меѓу Македонија и Грција. Нема уривање на „Александар Велики“ рече Бошњаковски.
Тој уште појасни дека истото ова важи и за спомениците Филип Втори и Олимпија кои се дел од светското цивилизациско наследство.
Дел од грчките медиуми објавија дека дел од спомениците, вклучувајчи го и Воинот на коњ ќе се дислоцира и дека ќе имало наводна размена на споменици.