НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Се преземаат конкретни мерки за намалување на аерозагадувањето

0
By Нова ТВ on December 7, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата првпат во историјата на Република Македонија како стратегиски приоритет го стави аерозагадувањето и борбата против аерозагадувањето. Во координација со сите општини во Скопје на дневна основа се преземаат конкретни мерки за да се намали аерозагадувањето. Во овој момент тоа се краткорочни интервентни мерки. Државниот инспекторат и Градскиот инспекторат се на терен, индустриските комплекси во Скопје се мониторираат постојано, тие работат со филтри.

Ова денеска го истакна портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, кој посочи дека парите кои се определени за справување со загадувањето не се на долг рок, а мерките кои ги преземаат се секојдневно видливи.

– Целосно се согласуваме со граѓаните дека состојбата е таква каква што е, но и ние го дишеме истиот воздух и секојдневно се бориме со проблемот. Веќе во неколку наврати во неколку општини се лоцирани диви депонии во кои се користи гума како гориво за греење во оваа грејна сезона. Над два тона гума е запленета и таа нема да се користи. Интервентни мерки постојат на ниво на Град Скопје. Во централното градско подрачје е забранет дотур на роба во утринските часови. МВР со Градот Скопје се на терен секој ден и веќе имаме измена на греење во неколку училишта кои наместо со цврсто гориво мазут ќе се греат на пелети, рече портпаролот на Владата.

Најави дека до крајот на годинава уште неколку установи во сопственост на државата и училишта ќе преминат на греење со природно гориво што помалку загадува.

– Државниот инспекторат и Градскиот инспекторат се на терен. Индустриските комплекси во Скопје се мониторираат постојано, тие работат со филтри. Минатата недела беа поканети сите медиуми во Усје и отворени се за комуникација со јавноста. Се работи, но сепак ситуацијата е таква каква што е, видлива е, сите живееме со неа секој ден, но факт е дека се работи. Телефонските броеви за пријавување загадувач функционираат, додаде Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче и д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.