Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада:Северна Македонија го чествува Денот кога како дел од антифашистичката коалиција дојде до своја и слободна држава, денес дел од најпрогресивните демократии

0
By Mirjana on October 11, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со владина делегација со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и со бројни граѓани од Прилеп и од другите градови од државата, со останатите делегации на државниот врв, на општествено-политичките организации, на Армијата, на борците, на дипломатскиот кор и на гостите од странство, на „Могилата на непобедените“, во Паркот на револуцијата во Прилеп, ги проследија содржините од празничната програма по повод 80-годишнината од Денот на народното востание – 11 Октомври.


На настанот, на кој му претходеше положување венци свежо цвеќе на споменичниот комплекс „Могила на непобедените“ во знак на сеќавање и почит кон делото и хероите од народно-ослободителната антифашистичка војна, кои заедно со своите другарки и другари од целата земја учествуваа во војната за слобода од фашизмот и за македонска држава.

Програмата за чествување на 11 Октомври – Денот на народното востание и 80-годишнината од овој настан потоа продолжи со обраќањата на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, на претседателот на Општински одбор на Сојузот на борците од Прилеп Круме Соколовски, и на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовановски.

Претседателот на државата Пендаровски во своето обраќање истакна дека „денес можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава“.

„Сите документи и манифести од НОБ, широката меѓународна поддршка и признание за нашата борба, недвосмислено потврдуваат дека само како дел од антифашистичката коалиција можевме да дојдеме до своја и слободна држава. Токму тоа го постигнавме на 2 август 1944-та на првото заседание на АСНОМ каде беше удрен темелот на слободната и суверена република која по своја волја се вклучи во новата југословенска федерација“, посочи Пендаровски.

Претседателот Пендаровски потсети дека годинава, кога одбележуваме 80 години од почетокот на народното востание, прославуваме и 30 години од независноста, и дека како и партизаните пред осум децении, така и граѓаните, во 1991-та, ја препознаа уникатната историска прилика и ја презедоа одговорноста за својата иднина. Наспроти сите етнички, верски, политички и идеолошки разлики се обединивме околу идејата за независна и самостојна држава.


„Пред нас е задачата да ги чуваме слободата и демократските вредности, и посветено и одговорно да придонесуваме за соживотот. Република Северна Македонија мора да продолжи да вложува напори да биде дел од прогресивниот свет, притоа, водејќи сметка за достоинството и на граѓаните и на државата. Преку граѓанско и национално помирување, преку владеење на правото и подигнување на квалитетот на животот, да ја вратиме надежта кај младите дека можат да се остварат тука, во својата татковина. И со тоа да целиме кон праведно и слободно општество на еднакви, за какво што сонуваа нашите славни херои во чија чест сме денес овде сите собрани“, нагласи претседателот на Република Северна Македонија во своето обраќање по повод празникот 11 Октомври – Денот на народното востание и по повод 8 децении од овој настан.

На свечената програма на „Могилата на непобедените“, се обрати и претседателот на Општински одбор на Сојузот на борците од Прилеп Круме Соколовски, кој истакна дека првиот востанички истрел не бил само симболичен чин, туку автентично сведоштво за определбата на македонскиот народ и припадниците на останатите заедници да бидат на страната на антифашистичката коалиција во борба против големото зло на човештвото, фашизмот.

„На прилепските партизани и други активни дејци во Народно-ослободителната и антифашистичка војна на Македонија од 1941 – 1945 година, им припадна честа да бидат предводници на истата и ја оправдаа довербата. По нив тргнаа и останатите борци кои создадоа жешка територија за окупаторот, а со нивните акции дадоа свој придонес во целокупниот расплет на Втората светска војна. Но, беа дадени голем број на жртви. Затоа Прилеп е град херој, единствениот град во Северна Македонија кој е носител на ова високо признание добиено во 1975 година од страна на претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, маршалот Јосип Броз – Тито, што секако ни прави голема чест, воедно, нас прилепчаните не прави, особено горди на своето славно минато“, нагласи претседателот на Општински одбор на Сојузот на борците од Прилеп Круме Соколовски, и додаде дека Боречката организација од Прилеп останува да учествува во решавањето на прашањата од темелно значење за развој на Република Северна Македонија, како и реформските зафати на патот кон Европската Унија.

Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски во своето обраќање потенцираше дека денеска стоиме пред оваа Могилата на непобедените со почит кон борците кои со своите животи ја испишаа нашата слобода, и своите имиња ги врежаа неизбришливо во каменот на историјата.

На сите, кои со својата крв ја испишаа слободата, бранејќи го интегритетот и суверенитетот на својата Татковина, која ние посветено ја градиме!

„Само така ќе се оддолжиме и кон креаторите на македонската државност, македонскиот јазик, историја, ќе се вградиме во македонската иднина. Годинава со гордост ги чествуваме годишнините од раѓањето на многу великани на македонската држава, родени во слободарски Прилеп: Блаже Конески, Крсте Црвенкоски, Борка Талески, Коле Чашуле, Благоја Корубин! Наша обврска како современици е да го исполниме аманетот! Да ја чуваме слободата! Да градиме современо општество кое се темели на демократски принципи, и во кое ќе живеат слободни граѓани“, нагласи градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски.

Северна Македонија за 11 Октомври
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.