Владата утре ќе се задолжи со над 133 милиони евра- со три аукции на државни записи и една државна обврзница.
Но, во среда Владата треба да врати скоро 2 милиони евра во приватниот сектор. Познато е дека само по основ на државни хартии од вредност, Владата должи 906 милиони евра на приватниот сектор, јавните претпријатија и банките.
Според последните податоци на министерството за финасии, заклучно со март, или првиот квартал од годинава, долгот на централната влада достигнал 33,9 отсто и се смета за едно од највисоките измерени во последните пет години.