По неколкучасовна расправа денеска во Собранието пратениците го одобрија изборот на владата за заменици-министри со 62 гласа „За“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа во салата додека траеше расправата, додека пратениците на БЕСА беа воздржани.
Премиерот Зоран Заев предложи 15 имиња за заменици во ресорните министерства и уверува дека ќе работат во интерес на граѓаните и реформите.
Најголема расправа имаше околу изборот на заменичката во министерството за надворешни работи, Арта Точи, којашто, според ВМРО-ДПМНЕ ја нарекла Македонија ФИРОМ во свој научен труд.

