Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата го овластила Филипче да ја започне постапката за набавка на руската вакцина

0
By Нова ТВ on February 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од вчера е започната постапката за набавка на 100 000 дози од руската вакцина, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. На вчерашната затворена владина седница, тој е овластен да потпише договор, по истиот принцип како и со сите останати.

-Од вчера попладне веќе интензивно разговараме, и преку претставниците во руската амбадада ќе се обидеме да дојдеме до поконретни информации кога би пристигнале вакцините тука, изјави денеска Филипче.

Во однос на кинеската вакцина која беше најавувана дека ќе пристигне во земјава до крајот на овој месец, а тоа е до крајот на оваа недела, Филиипче рече дека се уште се работи на некои дополнителни документи, се разгледуваат членови во договорот…

-И денеска ќе продолжи таа комуникација и во следните денови ќе имаме и конкретен датум, рече тој.
Во земјава продолжува вакцинацијата на здравствените работници кои работат со ковид-пациенти кое се одвива на шест пункта во модуларната болница во Скопје.

Тоа засега се прави со единствената вакцина која ја имаме во земјава, онаа на „Фајзер“ која ја добивме од Србија.

Се работи за над 8 000 дози, кои министерот Филипче цени дека се доволни за да се комплетира оваа прва фаза од вакцинацијата, на околу 4 000 здравствени работници.

Тој е задоволен од бројот на пријавени негови колеги за вакцинација, а очекува дека и интересот кај населението ќе биде исто така задоволителен, кога за тоа ќе дојде време.

За 14 дена се очекува да заврши вакцинирањето на здравствените работници, по што ќе следуваат хронично болните и повозрасни лица.

Досега според евиденцијата на Министерството за здравство, кај матичните лекари се евидентирани околу 180 000 граѓани во оваа група, а над 50 000 веќе се пријавиле или онлајн или кај матичните лекари за вакцинација.

Од останатите механизми кои се разработуваат се и кампањи по примерот на онаа за морбили од претходните години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.