Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата го поддржува отстранувањето на дивоградбите во Охрид

0
By Нова ТВ on May 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје што ги изведува Општина Охрид, со што ги потврдува своите заложби за посветено исполнување на препораките на УНЕСКО и за имплементацијата на „Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион“, соопшти вечерва владината Прес-служба.

Во соопштението се посочува дека Владата веќе обезбеди средства во износ од шест милиони денари за отстранување на бесправните објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, кои ја нарушуваат природната и културна  автентичност на регионот.

– Активностите за отстранување ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено решение за отстранување на бесправно изграден објект и не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при инспекторатот на Општина Охрид. Со цел да се намалат штетите, да се избегнат дополнителни трошоци и да се забрза процесот на отстранување, Општина Охрид упати и апел до сопствениците на бесправни градби да постапат по решенијата за отстранување и сами да ги отстранат објектите, информира владината Прес-служба.

Во соопштението се додава дека Владата во координација со Општина Охрид ќе продолжи да се залага за конечно воведување ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано.

– Ја поддржуваме Општина Охрид да продолжи со активностите за отстранување на бесправните градби сѐ додека не бидат отстранети сите објекти кои ја загрозуваат животната средина и го деградираат уникатното заштитено подрачје на регионот, се потенцира во соопштението на Секторот за односи со јавноста на Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025
ФОКУС

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

ВЕСТИ October 20, 2025

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба…

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025

Ен-би-си Њуз: Организаторите на демонстрациите против Трамп – протестираа 7 милиони луѓе на 2.700 собири

October 19, 2025
ТИКЕР

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.