Владата на денешната 13-та седница донесе Одлука за продолжување на рокот за кризна состојба на подрачјето на град Скопје поради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.
Како што информира владината прес-служба, со оваа одлука се продолжува рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија до 30 април 2022 година.
Одлуката, која ќе биде испратена на усвојување во Собранието, ќе отпочне да се применува од 17 февруари 2022 година.