НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата и синдикатите пред клучен избор дали да се одбере вакцина или пцр тест

0
By Mirjana on November 21, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новите мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести се очекува утре да бидат разгледани на Главниот координативен штаб, по што за нив ќе треба да расправа и Владата. Комисијата бара вработените на работното место да приложат сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа и ќе биде на трошокот на работникот, а оние кои го прележале вирусот, ќе може да приложат сертификат за прележан Ковид, но не постар од 45 дена. Доколку работникот има ретки имунолошки болести, тогаш ќе треба да приложи потврда од лекар специјалист дека не може да прими вакцина. Дел од мерките е и задолжителната вакцинација за сите здравствени работници.

Дали ќе бидат усвоени онака како што предлага Комисијата или ќе има измени, ќе се знае во текот на неделата.

Синдикатите бараат ПЦР тестирањето да не падне на товар на работниците бидејќи нивните пресметки покажуваат дека се потребни минимум 20.000 денари месечно за 10 ПЦР тестирања.

– Ако државата нема обезбедено финансиски средства во Буџетот за 2022 година за бесплатни ПЦР тестови за сите работници, а работодавачите укажуваат дека товарот треба да падне на работниците за тестирањето за да можат да им дојдат на работа и да им работат за минимална плата од 15.200 денари и да им ствараат милиони во добивка, работниците побргу ќе умрат од глад отколку од корона, велат од Сојузот на синдикати на Македонија во изјава за МИА.

Велат не се против вакцинација, но сметаат дека таа треба да биде личен избор. Предлагаат преку едукативни кампањи и бенефиции да се поттикне населението на помасовна имунизација. За оние кои ќе се вакцинираат, предлагаат да добијат платен неработен ден поради зачестените пријави од работниците дека работодавачите ги тераат веднаш да одат на работа и не ги ослободуваат доколку имаат реакција од вакцината.

– Укажувавме дека пристапот за поттикнување и стимулирање треба да биде на начин на кој за имунизацијата, работниците ќе добијат повеќе информации, но и одредени бенифиции кои ќе беа дополнителен мотив, но за жал, Комисијата на барањата на работниците како на пример најмалку денот кога се вакцинираат да биде препорачано да биде платен неработен ден (поради зачестените пријави дека газдите ги тераат по вакцинацијата да се вратат веднаш на работа, а не ги ни ослободуваа доколку имаа реакција по примањето на вакцината во наредните денови) тие се огласија за ненадлежни, а од друга страна денеска сме сведоци како истата Комисија предлага и ги изложува работниците на сопствен трошок да прават ПЦР тестови доколку одлучат да не се вакцинираат, наведува ССМ во одговорот.

И од Конфедерацијата на слободни синдикати реагираат дека се воведуваат мерки на присилна вакцинација и се прескокнуваат едукативните и стимулативните мерки кои биле спроведени во другите европски држави.

– КСС ги демантира властите во Македонија кои се обидуваат да пресликаат мерки од многу земји каде што се носат мерки за присилна вакцинација, прескокнувајќи ги сите едукативни и стумулирачки мерки кои ги нудеа и спроведуваа тие држави долго време. Ние прескокнувајќи еден цел процес, а почнувајќи од касно добивање на вакцини и спроведување кампањи, пристапуваме кон репресивни мерки на кои нормално работниците реагираат експлозивно, стои во одговорот што МИА го побара од КСС.

Двата синдиката, како најголеми во државата, бараат од Владата да не ги прифати мерките онака како што се предложени од Комисијата за заразни болести.

Од друга страна, Стопанската комора на Македонија бара задолжителната вакцинација да се воведе и во приватниот сектор сметајќи дека на тој начин ќе се постигне колективен имунитет и ќе се овозможи континуитет на работниот процес. Предлагаат за вработените кои не се вакцинирани или го немаат прележано вирусот, да се воведе задолжително тестирање најмалку еднаш неделно со брзи антигенски тестови со самотестирање или во државни и приватни дијагностички центри, а трошокот за тестирањето со брзите антигенски тестови да биде на товар на работникот.

-Доколку работодавачот се одлучи за правење антигентски тест во дијагностичките центри, работникот треба да приложи резултат издаден од лабораторијата каде е направен. Трошокот за тестирање со брзи антигенски тестови да биде на товар на работникот. За да нема дилеми во примената, се предлага Одлуката да се дополни и со тоа дека непочитувањето на пропишаната мерка за задолжително тестирање во случај кога вработеното лице не е вакцинирано или нема прележан КОВИД во последните шест месеци, претставува повреда на прописите за безбедност и заштита при работа, за што работодавачот применува мерки во согласност со прописите што ги регулираат работните односи (Законот за работните односи и колективните договори), по примерот на Словенија, изјави во средата потпретседателката на Комората, Анета Трајковска.

Од Комората предлагаат Владата согласно Законот за трговија да донесе одлука со која ќе ја определи највисоката цена (набавна односно увозна цена со оглед дека нема домашно производство зголемена за разумна маржа) за овој вид тестови со што би се спречила можноста од покачување на цените на антигенските тестови во услови на зголемена побарувачка.

Ставот на Сојузот на стопански комори, пак, е дека правото на вакцинација е лично право на избор и дека само со сеопфатни, интегрирани и добро испланирани мерки може да се заштити јавното здравје.

– Нашиот став е дека правото на вакцинација која не е задолжителна е лично право на избор и не треба да се ограничува. Сметаме дека многу подобар ефект наместо со репресивни ќе се постигне со стимулирачки мерки и навремено обезбедување на повеќе видови вакцини и релевантни информации за нивната безбедност, наведе ССК во реакцијата по објавата на новите мерки.

Здравствените власти остануваат на ставот дека мерките мора да се спроведат онака како што се предложени со што ќе се зголеми опфатот на вакцинација како единствен излез од пандемијата. Велат дека пред нас е период во кој главно се престојува во затворени простории и сезона на настинки и грипови.

– Многу е тешко со сигурност да се каже во која насока ќе оди епидемиологијата, меѓутоа ние мора да се подготвуваме за лошите сценарија кои значат преоптоварени болници, полни ковид – центри и други одделенија кои ги пренаменуваме да бидат одделенија за ковид пациенти. Тоа не може да оди до недоглед, изјави министерот за здравство Венко Филипче во средата кога ги најави новите мерки.

Анализите на Министерството за здравство покажуваат дека е многу поголем процентот на невакцинираните граѓани кои се заразени и хоспитализирани отколку на вакцинираните, а и смртноста е драстично поголема кај невакцинираните. Оние кои биле вакцинирани, а починале, според здравствените власти, имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Новите мерки, доколку се усвојат, според предлогот на Комисијата за заразни болести, би стапиле на сила десет дена по усвојувањето за да граѓаните имаат временски период во којшто би се вакцинирале, додека за здравствените работници тој период е 30 дена.

вакцина или пцр тест влада и синдикати пред клучен избор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.