Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ќе носи одлука за олабавување на ковид-рестриктивните мерки

0
By Нова ТВ on May 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скратен полициски час, работа на угостителските објекти во отворените делови до 23:30 часот и отпочнување со работа на вежбалните, фитнес центрите и теретаните, се дел од олабавените рестриктивни мерки што Главниот координативен кризен штаб и ги препорача на Владата, а таа треба да ги разгледа и да ги усвои на денешната седница.

Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица.

Според новите мерки што се предлагаат, полицискиот час ќе трае од 24:00 часот до 05:00 часот и се дозволува користење на годишен одмор за здравствените работници. Ивентите и настаните ќе се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор, а се зголемува и бројот на деца кои може да се згрижат во една група во градинките, односно од 15 на 20 деца.

Вчера министерот Венко Филипче истакна дека се уште е рано за да се даде општа препорака за маските да не се носат на отворено. Тој во одговор на новинарско прашање, рече дека за се разговарало вчера, но, оти заклучокот е дека треба да се причека уште недела или две за една ваква мерка.

– Следниот чекор би бил, но, сè уште е рано да кажеме кога би било тоа, да се носат маските како претходно, односно само во група надвор. Засега е рано. Тоа ќе биде следно за што ќе разговаравме. Утрово инициравме дискусија и заклучокот е дека треба да почекаме уште недела или две, рече Филипче.

Според него, засега е рано и да се организираат свадби и концерти.

– Сè уште не се дозволени концертите и свадбите бидејќи стравуваме дека во овие случаи може да се намали дистанцата меѓу луѓето кои се присутни и затоа одиме постепено. Ако продолжат трендовите, ќе бидат дозволени и концертите, нагласи Филипче.

Новите предлози за олабавување на рестриктивните мерки, како што изјави, се поради трендот на намалување на бројот на новозазарени и значителното празнење на болничките капацитети.

Една од мерките кои се очекува да ги донесе денеска Владата е зголемување на бројот на децата во групите во градинките.

-Ние цениме дека состојбата во градинките е добра. Заради притисокот од родителите, и потребата да се вратат децата во градинки, но и заради безбедната епидемиолошка состојба, ние упативме допис врз основа на кој Комисијата за заразни болести препорача на Кризниот штаб бројот на деца кои ќе бидат во градинки да се зголеми од 15 на 20, рече вчера министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која изрази очекување дека мерката ќе биде усвоена на денешната седница на Владата.

Министерката Шахпаска во одговор на новинарско прашање околу состојбата во градинките, посочи дека состојбата е добра, има само нови 11 вработени позитивни и само две позитивни дечиња. Таа информира дека од 21.480 слободни места според протоколите, 15.400 деца веќе се во градинките.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.