Владата ќе прави рекламна кампања за промоција на семејните вредности, а за тоа ќе се одвои речиси половина милион евра од буџетот. Според податоците на бирото за јавни набавки околу 500 илјади евра е вкупната проценета вредност, а досега Владата склучила договори само со две агенции во вредност од 155 илјади евра.
Засега, Њу момент и Трето Уво се продукциите со кои Владата склучила договор на 31 Јануари во вредност од речиси осум милиони денари, а кои бирото за јавни набавки ги објави денеска.
Агенцијата Њу момент ќе добие 73 илјади евра, а Трето Уво околу 52 илјади евра.
При изборот на агенции според критериумите на Владата пресуден не била цената, туку квалитетот кој носел 65 бодови, наспорти 35 бодови за цената.