Владата ќе и рапортира на ЕК за владините реклами.
Владата до крајот на месецот на Европската комисија ќе и достави извештај за владините реклами, емитувани во изминатите години на повеќе медиуми. Ова денеска во Брисел на конференцијата посветена на слободата на медиумите на Балканот го соопшти вицепремиерот за европски интеграции, Фатмир Бесими.
Извештајот ќе содржи список на сите реклами кои биле нарачани од владините институции. Извештајот за владините реклами е побаран од ЕК, а по критиките и сомневањата во јавноста дека овие реклами се користени за поткупување на медиумите и нивно ставање во функција на поддржувачи на владините политики.
Некои медиуми во повеќе наврати бараа од владата информација за тоа колку пари се потрошени на владините кампањи како и за тоа по кои критериуми тие беа дистибуирани во медиумите. Ниту еден од медиумите кои се обратија со вакви барања не добија одговор.