Владата преговарала со Европската инвестициона банка за нов кредит со поволна камата од 5,5 отсто и според изјавата на министерот за финансии, Ставревски, има големи шанси ЕИБ да ја одобри и оваа четврта по ред кредитна линија со многу поволни услови за стопанството.
„Македонија има добри шанси да добие нови 100 милиони евра за стопанството од Европската Инвестициска Банка (ЕИБ), која би била наменета за малите и средни компании“, изјави министерот Ставрески, денеска во Куманово, на средба со бизнисмените.
Претходно ЕИБ одобри 250 милиони евра кредит за македонското стопанство со субвенционирана камата од државата во висина од 5,5 отсто.