Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата одлучи кои училишта ќе имаат настава со физичко присуство

0
By Нова ТВ on September 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заедно со пакетот за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19,  на предлог на Министерството за образование и наука, на вчерашната владина седница е донесена Уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, со одлуки за времетраењето на часовите и на одморите, за почетокот на учебната година, како и Одлука за утврдување на максималниот број на ученици во паралелка во основните училишта и средните во услови на вонредни околности, за оние училишта кои добиле согласност за организирање настава со физичко присуство.

Уредбата за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта ги опфаќа и сите други активности како што се проверката на постигањата на успехот на учениците, организирањето на практичната настава, и другите наставно-образовни активности.

На оваа седница е усвоена и Информацијата, и беа усвоени протоколите за постапување на посебните основни училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година за посебните училишта ПОУ „Иднина“-Скопје, ПОУ „Маца Овчарова“- Велес, ПОУ „Д-р Златан Сремец“- Скопје, ЗРДОСГГДПР „Кочо Рацин“- Битола, ПОУ „Св.Климент Охридски“- Ново Село, Струмица, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“- Скопје, и ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“- Струмица.

Владата  ја разгледа и усвои и Информацијата за реализација на наставата во средните училишта за ученици со посебни образовни потреби во учебната 2020/2021 година, и ги усвои поединечните протоколи за постапување во средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

На седницата беа усвоени и протоколите за работа во услови на справување со вирусот КОВИД-19 во јавните ученички домови и во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија во академската 2020/21 година.

На оваа седница Владата го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, за период од 18.09.2020 година до 25.09.2020 година.

Листата на дадени согласности за организирање на настава со физичко присуство е поставена на веб страницата на Владата и може да се проследи на следниот линк.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.