Владата на вчерашната седница покренала иницијатива за предвремено враќање во Северна Македонија на неколлумина амбасадори.
Меѓу нив е амбасадорката во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, како и басадорите во Белгија, Британија, Чешка и Шведска.
Се враќа и Заќир Рамчиловиќ кој беше амбасадор во Црна Гора и Пајо Авировиќ кој беше шеф на Постојната мисија при меѓународните органзиации.
Пред да биде повлечен, сам се врати и Љубомир Фрчковски кого шефот на дипломатијата Муцунски го обвини за финансиски проневери. Извесно е дека дипломатска кариера нема да направи ниту Андреј Жерновски кого Владата не го смета за амбасадор во Романија иако тој тврди дека со месеци ја извршува функцијата.
Пред крајот на минатата година, Претседателката Сиљановска во Македонија повика да се вратат уште 7 амбасадори на кои им заврши мандатот.
Шефот на дипломатијата во повеќе наврати потенцираше дека амбасадорските места ќе се пополнуваат во консултации со Премиерот и Претседателката Сиљановска, а на вчерашната владина седница предложени се 4 нови имиња.
Нефрологот Игор Николов кој порано работел како економски промотор, а до вчера беше советник во Владата, заминува за амбасадор во Франција. Информацијата ја потврди лично премиерот Мицкоски.
Во Токио како нов македонски амбасадор е именувана Андријана Цветковиќ. Таа и претходно ја извршувала оваа функција, а до неодамна работела како советник во кабинетот на јапонскиот министер за култура. Димитар Блажевски ќе биде нов амбасадор во Украина, а во Хрватска заминува Драган Ѓурчевски кој порано работел како македонски конзул во Торонто.