Владата ќе потроши речиси 8 милиони денари или 130 илјади евра за нови рекламни спотови кои се дел од кампањата “Истражи ја Македонија”. Кампањата ќе ја реализира маркетинг агенцијата “Аквариус Дизајн”.
Ова е една од ретките реклами каде главен критериум е ниската цена. Вообичаено, во поголемиот дел од тендерите за реклами и спотови Владата го бираше квалитетот пред цената.
Пред само еден месец Владата склучи договор со неколку маркетинг агенции за голема кампања за промоција на семејните вредности во вредност од половина милион евра.