Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата сака да бидеме дел од ЕУ, но не по секоја цена, СДСМ повторно со барање за затворена собраниска седница за евроинтеграциите

0
By Marija Todorovska on October 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата сака да биде проевропска и да ја види државата интегрирана во рамки на ЕУ, но не по секоја цена, туку по нормална траекторија во која што би биле со сочувано достоинство. За ова имаме поддршка од 26 земји членки, освен од нашиот источен сосед, изјави синоќа премиерот Христијан Мицкоски. Опозицијата, пак, вчера се огласи со повторно барање за затворена собраниска седница за власта да го каже планот за евроинтегративниот процес на земјава.

СДСМ побара ваква седница откако Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ, со што практично би се раздвоила од Северна Македонија, иако досега двете земји се движеа во пакет во пристапниот процес.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вчера во изјава за медиумите повторно го повика премиерот Мицкоски да свика ваква седница на која ќе образложи каков е планот и идните чекори за европската интеграција на државата.

– Процесот на евроинтеграции на државата е блокиран од страна на Владата. Тие се должни пред граѓаните да го кажат планот со кој би ги подобриле позициите во преговарачкиот процес како што ветуваа во изборниот период. Кажуваа дека имаат некаков план, некаква поддршка од некои земји, за тоа дека ќе ги подобрат нашите услови во процесот на преговори меѓутоа досега од тоа не видовме ништо.  Ниту видовме некој обид да се подобри нашата преговарачка позиција, ниту имаме временска рамка кога тоа ќе се случи и затоа е неопходно што побрзо да се случи таа собраниска седница за Владата и премиерот да го кажат планот за нашиот евроинтегративен процес, изјави Филипче во Крива Паланка.

Kryetari i LSDM-së, Venko Filipçe sot në një deklaratë për media përsëri apeloi deri te kryeministri Hristijan Mickoski dhe Qeveria e udhëhequr nga VMRO-DPMNE-ja në seancën parlamentare para

Филипче вели дека опозицијата ќе даде поддршка на секоја владина стратегија која, како што рече, ќе значи подобар живот за граѓаните, но дека нема да прифатат празни ветувања.

– Премиерот и ВМРО-ДПМНЕ дојдоа на власт со огромни ветувања дека ќе ја подобрат нашата позиција во тој преговарачки процес, дека ќе обезбедат подобри услови. Имајќи предвид дека тоа не се случува, а тие го блокираа европскиот интегративен процес, а тоа не го кажаа за време на кампањата. Доколку тоа не се случи, ќе стане очигледно дека станува збор за една голема лага. Во таа смисла, ние ќе чекаме да видиме како ќе се одвива тој процес, ќе ја поддржиме секоја стратегија на Владата која што ќе ни обезбеди подобри услови во процесот на преговори. Но, нема да служиме за алиби ниту ќе гледаме како тие ја манипулираат и ја лажат јавноста и граѓаните, рече Филипче

Премиерот Мицкоски минатата недела по првиот повик на Филипче да се свика ваква седница изјави дека многу наскоро ќе излезат со став за предлогот на опозицијата.

– Во ред, ќе го анализираме предлогот на Филипче и многу брзо од денеска ќе дадеме конкретна позиција во врска со овој предлог, рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања по посетата на армискиот полигон Криволак.

Вчера, во емисијата „100 дена Влада“, Мицкоски рече дека Владата сака да биде проевропска и да ја види државата интегрирана во рамки на ЕУ, но не по секоја цена, туку по нормална траекторија во која што би биле со сочувано достоинство. За ова, вели Мицкоски, имаме поддршка од 26 земји членки, освен од нашиот источен сосед.

Според него, е чудно тоа што Бугарија го одбила предлогот на Унгарија како претседавач на Европската унија да биде медијатор во целиот процес, иако претходно велела дека проблемот е на Европската унија.

– Бугарските политичари сега викаат дека нема потреба некој да биде медијатор, ќе преговараме билатерално, а до скоро викаа дека ова е проблем на Европската унија. Сега, кога претседавачот на ЕУ вика да седнеме на маса, велат нема потреба. Нели е тоа малку чудно и создава сомнеж и недоверба дека овој процес ќе има изгледни шанси да заврши еден ден, истакна Мицкоски.

Владата сака да биде проевропска и сака да ја види дравата интегрирана во рамките на ЕУ, но не по секоја цена, туку во нормална траекторија во која што би биле со сочувано достоинство. Ние за

Вели дека во моментот нема предвидливо решение и проблем е што не е јасен патот и целта.

– Сите почнале и го завршиле процесот, ние немаме таков јасен показател и параметар. Кога ќе има и тоа би го зграпчиле. Нашиот став околу одложеното дејство не е ништо повеќе од формула која функционирала како што е Преспанскиот договор кој велеше дека амандманите ќе станат ефективни кога грчкиот Парламент ќе го ратификува пристапниот протокол за државава во НАТО.  Велат дека Преспанскиот договор бил ремек дело на дипломатијата, ајде тогаш тоа да го реплицираме – уставните амандмани да важат кога бугарскиот Парламент ќе го ратификува пристапниот договор за ЕУ. Ако е тоа добро, само да го копираме и примениме, нагласи Мицкоски.

Портпаролката на ЕК за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства Ана Писонеро на 27 септември изјави дека ставот на Европската комисија е многу јасен и дека таа со нетрпение очекува почеток на преговорите по Кластерот „Основи вредности“ што е можно поскоро и со Албанија и со Северна Македонија, откако земјава „ќе ги исполни релевантните критериуми договорени со Советот“ на ЕУ. Таа додаде дека тие „релевантни критериуми“ ги опфаќаат уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот, нагласувајќи дека Европскиот совет ја повика земјава да го забрза спроведувањето на овие измени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.