Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата се предомисли, ќе гради Државна кардиохирургија

0
By Менче Атанасова Точи on January 24, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Државна кардиохирургија основала Владата на последната седница, а веднаш била назначена и директорка, Биљана Теофиловска која е економски директор на Клиниката за торакална хирургија.

Оваа вест бомбастично беше најавена на прес конференција, чија тема се држеше во тајност до последен момент. Државната кардиохирургија на почеток ќе биде сместена на Хирушките клиники, односно на Клиниката за торакална хирургија, а кога ќе се создадат услови ќе биде префрлена на Клиниката за кардиологија.

Целиот проект ќе чини 2, 5 милиони евра, а финансиските средства се обезбедени од буџетот на Министерството за здравство. Министерот Тодоров соопшти дека веднаш ќе биде распишан тендер за медицинска опрема во вредност од 1 725 000 евра и тендер за адаптација на просторот за 700 000 евра.

Се држи во тајност кои кардиохирурзи ќе оперираат во Државната кардиохирургија. Тодоров најави дека ќе оперираат тројца кардиохирурзи, дел ќе бидат од странство, дел од Македонија.

Н а новинарско прашање, што ја натера Владата да се предомисли бидејќи досега сметаа дека пациентите се згрижени, заради постоењето на двете приватни кардиохирургии, Тодоров одговори:

-Големиот процент на смртност од кардиоваскуларни заболувања се причина за ваквата одлука, како и реализацијата на повеќе деценискиот сон, јавното здравство да добие кардиохирургија, изјави Тодоров.

Медицинскиот кадар ќе биде формиран и оспособен за работа во период од еден и пол до два и пол месеци најави министерот. Само пред три месеци беше објавен оглас на Клиниката за торакална хирургија, за прием на пет доктори на медицина кои ќе бидат упатени на специјализација по кардиохирургија.


Кои доктори се пријавиле и дали успеале за толку кратко време да станат кардиохирурзи, останува да видиме во наредните денови, кога Тодоров најави дека ќе ги соопшти имињата на стручњаците што ќе оперираат.

Во 2010 година Министерството за здравство се откажа од основање на Државна кардиохирургија, во моментот кога требаше да профункционира втората приватна кардиохирургија. Досега, надлежните сметаа дека не се создадени услови и нема потреба од Државна кардиохирургија која се заговараше повеќе од 25 години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.