Димитар Николовски: За излез од оваа ситуација потребно е да се објави планот на владата и да се обидат да направат консензус со сите релевантни политички чинители во државата, а за голема промена потребна е едногласност меѓу земјите членки. За таква едногласност, потребни се моќни партнери и поддржувачи, кои би биле наши гласноговорници на ниво на Брисел. Такви во моментов немаме. Сметам дека дури и губиме симпатии со последното недолично однесување кон Бугарија на наш висок владин претставник. Наш единствен партнер во ЕУ во моментов е Унгарија која е не е нешто многу влијателна држава во Унијата, нагласи тој. Линк