Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата усвои предлог за 4 уставни амандмани и го прати до Собранието

5
By Соња Петрушевска on October 8, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На вонредна седница, Владата го разгледа Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија и до Собранието достави „ Насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија“.

„Сега сите пратеници, без разлика на која партија ѝ припаѓаат имаат историска должност и обврска пред граѓаните, да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност, безбедност и економски просперитет, а тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор.

Од денеска остварувањето на оваа визија е во рацете на секој пратеник одделно и таа зависи од нив“ рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Во предлогот за измени на Уставот, предложени се четири амандмани:

1. ДОДАВАЊЕ НА ПРИДАВКАТА СЕВЕРНА ВО ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во целиот текст на Уставот на Република Македонија пред зборот Македонија се додава придавката Северна.

2. ИЗМЕНИ ВО ПРЕАМБУЛАТА НА УСТАВОТ

Заради усогласување на текстот на Преамбулата со Договорот со Грција, во Преамбулата ќе бидат извршени соодветни измени. Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија при наведувањето на државно-правните традиции, ќе се именуваат конкретни документи на АСНОМ, односно ќе се внесе повикување на Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ, со неговите конститутивни одлуки.

3. ИЗМЕНИ ВО ЧЛЕНОТ 3

Во членот 3 од Уставот е регулирано дека територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави.  Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми.

Овој член веќе беше изменет во 1992 година со Амандманот I, кога беше додаден принципот на доброволност при промена на границата и согласноста со општо прифатените меѓународни норми. Исто така со овој амандман беше декларирано дека Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави.

Со новиот уставен амандман кој се предлага ќе се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.

4. ИЗМЕНИ ВО ЧЛЕНОТ 49

Во членот 49 од Уставот е пропишано дека Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

И овој член беше изменет со Амандманот II во 1992 година ко предвидуваше дека Републиката нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Со уставниот амандман кој се предлага ќе се декларира грижа за културните, економските и социјалните права на припадниците на македонскиот народ и сите наши граѓани во странство, без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи, во било каква форма и заради било каква причина.

Од Владата напоменуваат дека доколку Договорот не биде ратификуван во Парламентот на Република Грција, ќе престане важноста на овие амандмани.

Согласно Договорот со Грција сите официјални документи и материјали на јавната администрација ќе се обновуваат со истекот на нивното важење, но најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на договорот. Издавањето на новите  документите  коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Република Македонија ќе се  издаваат  при отворањето на секое поглавје на релевантната област во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.

На прашањето дали е обезбедено двотретинско мнозинство во Собранието, Бошњаковски кажа дека „Владата денеска го започнува процесот за стратешката цел на Македонија, а тоа е членството во НАТО и ЕУ и очекуваме пратениците да го следат гласот на народот и тоа за што се изјаснија граѓаните на 30 септември“.

Од Владата велат дека многу скоро ќе се знае дали има двотретинска подршка – по расправата во уставната комисија, предлогот ќе биде ставен на пленарна седница во Собранието и за да отпочне процесот за измени на Уставот ќе биде потребно 80 пратеници да гласаат „за“.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.