Првата станица на денешниот протестен марш е Владата. Со помош на џиновскиот чатал, голем број балони завршија на фасадата на владината зграда, која повторно е обоена во боите на Шарената револуцијакако и оградата околу неа.
Демонстрантите до Владата денеска стасаа по нова, досега непозната рута. Како што велат, тоа го прават бидејќи се спречувани да го изразат својот граѓански револт пред државните институции.