Митрополитот на преспанско-пелагониската епархија, Владиката Петар во изјава за Дојче Веле, вели дека одлуката на СПЦ е позитивна и говори дека „работите за МПЦ – ОА не одат назад туку напред. “
Одлуката на Српската Православна Црква да го обнови канонското единство на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија е чекор напред во односите меѓу двете цркви.
Пренесувајќи ја веста, српската новинска агенција Танјуг пишува дека Владиката Петар, моментално е единствен член на Синодот на МПЦ-ОА кој јавно ја коментирал одлуката на СПЦ.