Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владимир Ангелов е нов директор на Агенцијата за филм

0
By Ана Василевска on February 6, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Владимир Ангелов
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот директор на Кинотеката на РСМ е новиот директор на Агенцијата за филм на РСМ. Именувањето беше на денешната владина седница. Владимир Ангелов е дипломиран продуцент а по вокација е филмолог. Со Агенцијата за филм досега раководеше Бојан Лазаревски, во чиј мандат се случија голем подем на македонскиот филм и административно правни промени за подобрување на работењето на на оваа институција.

По дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1992 г., кратко време работи како продуцент во Вардар филм. Од 1995 г. до ден-денес работи во Кинотека на Македонија. Во 2017 е назначен за вршител на должноста директор на Кинотека на Македонија. Кон крајот на 2018 г. е именуван за директор на Кинотеката.

На почетокот на кариерата работи на рекогнисцирање и реставрација на македонскиот филмски фонд снимен во период од 1948 г. до 1953 г. Врз основа на елаборатот за заштита на овој фонд, Кинотеката на Македонија ги изработува заштитните филмски копии на овие филмови.

10 години (2006 – 2017) е одговорен за реализација на месечната филмска програма во киното на Кинотеката на Македонија и за тоа време реализира и соработува на голем број проекти што се однесуваат на прикажување на филмски циклуси од разни национални кинематографии, ретроспективи на автори, како и презентација на програми посветени на филмската класика, но и на современата кинематографија како на пример: АМЕРИКАНСКАТА ЛИТЕРАТУРА НА ФИЛМ, АМЕРИКАНСКИОТ ВЕСТЕРН, АМЕРИКАНСКОТО НОВИНАРСТВО НА ФИЛМ, СОВРЕМЕН ХОЛАНДСКИ ИГРАН ФИЛМ (во неколку наврати), СОВРЕМЕН ХОЛАНДСКИ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ, РЕТРОСПЕКТИВИ НА ФАСБИНДЕР, ФАТИХ АКИН, ЈИРЖИ ТРНКА, ВИМ ВЕНДЕРС, ИШТВАН САБО, ИНГМАР БЕРГМАН (циклус „Ингмар Бергман и жените“), ЈИРЖИ МЕНЦЕЛ, ЏУЗЕПЕ ФЕРАРА (…), ГЕРМАНСКИ ДЕТСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ (БУФ, повеќе изданија), РЕВОЛВЕР (презентација на современа германска продукција и списанието за филм РЕВОЛВЕР), СОВРЕМЕН ШВЕДСКИ ФИЛМ, ЈАПОНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ (десетина изданија), НЕДЕЛА НА СОВЕТСКИ НЕМИ ФИЛМОВИ, НЕДЕЛА НА ФРАНКОФОНИЈА, НЕДЕЛА НА НЕМИ ФИЛМОВИ, ПРЕЗЕНТАЦИЈА (во повеќе наврати) НА РОМАНСКИ, БУГАРСКИ, ШПАНСКИ, ИЗРАЕЛСКИ, РУСКИ (…) ФИЛМОВИ. Преку разни селекции и на разни нивоа соработува со Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и во 2017 г. е селектор на една од програмите на фестивалот (Перспективи на европскиот филм); и Скопскиот филмски фестивал. Во 2016 година е дел од жирито на фестивалот на краткометражен филм Watch Out во Тетово. Како претставник на ГЕТЕ ИНСТИТУТОТ три години е дел од претселекционата комисија на проектот ПРВО ПРВИОТ ФИЛМ (FIRST FILMS FIRST) – проект за поддршка на филмови на млади автори.

Работи на проекти на аналогна и дигитална реставрација на македонски филмови како активност на Кинотеката.

Од 1997 година соработува со КИНОПИС и објавува околу триесетина текстови: Приказна од филмската митологија (За и околу филмот „Лола Монтез“ на Макс Офилс), Хенрик Гален – парадигма на едно време (Обид за филмолошка анализа на еден творечки опус), Филмски футуристи – Тонино Дели Коли и Роби Милер, Филмски маратон (Размислување на тема: дали постои криза во македонската кинематографија), Приказни и сенки, Судбината како артефакт, Новиот голем европски филм, Сличностите кои нѐ прават различни (поглед врз новиот бран романски филмови), Интервју со Рангел В`лчанов… Текстовите се движат од интервјуа, критики и фестивалски прегледи сѐ до теорија. Исто така соработува со Македонската академија на науките на проектот Фотографијата и филмот на почвата на Македонија (дел од проектот Историја на макрокултурата во Македонија), соработува на монографијата „Трајче Попов“…

А. Василевска

Агенција за филм на РСМ Владимир Ангелов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.