Засега владата не ја исполни ниту законската обврска – да го објави списокот на ангажирани лица. А немате ни кого да прашате, немаат портпарол, пишува Фросина Димеска за Призма.
Транспарентност, во најмала рака, е и да се одговори на тешките и незгодни прашања, но и да се отвораат информации за јавноста. И се мери исклучиво по тоа. Дали премиерот Христијан Мицкоски има назначено внатрешни и надворешни соработници и кои се тие? Овa едноставно прашање го испративме на официјалниот владин имејл за комуникација со новинари на 29 јули.