Владо Бучковски е осуден на три години затвор. Ова е конечниот епилог на судскиот процес во кој поранешниот премиер беше обвинет за злоупотреби при набавки, во времето кога беше министер за одбрана во вредност, во вредност од два милиона евра.
Покрај него, казна затвор, исто од три години добија и поранешниот началник на Генералштабот, Методија Стамболиски и директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски.
Поранешниот логистичар Нелко Менкиновски е осуден на две години. Исто толку доби и поранешниот државен советник во Министерството за одбрана, Ацо Ѓурчевски.
Ова е пресудата изречена утрово за случајот со набавките на резервни тенковски делови. Ова е втора првостепена пресуда, откако апелација првата ја укина и ја врати на ново судење. Со првата Бучковски беше казнет со 3.5 години затвор. Стамболиски тогаш доби 3.5 години, а другите обвинети добија две и пол години.