Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владо Бучковски за НоваТВ: Францускиот предлог дава добра основа да го надминеме спорот со Бугарија

0
By Mirjana on June 20, 2022 ПОЛИТИКА
Foto: Balkan insight
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 20, 2022 15:55

Професорот Владо Бучковски, кој своевремено беше и специјален претставник на македонската Влада во преговорите со Бугарија, во колумна за НоваТВ  ја разработува идејата Pro или contra Францускиот предлог. Според него, предлогот на Француското претседателство со ЕУ е добра основа за надминување на спорот но да се надгради и да се допрецизира. 

 

Pro или contra Францускиот предлог? Додека трае усогласувањето на членките на ЕУ околу францускиот предлог и додека бугарскиот премиер Петков најавува дека единствено бугарскиот Парламент може да го крене ветото, нашата Влада избра да биде трпелива и да го сочека усогласувањето и бугарскиот одговор. Правилен потез според мене.

Од друга страна, молкот на нашата Влада го искористи ВМРО ДПМНЕ и соопшти завчера ( Мицкоски на митингот) дека за нив францускиот предлог е неприфатлив…немало веднаш кревање на ветото и постоела опасност од асимилација и бугаризација на нас Македонците заради тоа што дел од бугарските барања се содржани во преговарачката рамка!

Во Бугарија пак против Францускиот предлог се две парламентарни групи Преродба на Костадинов (поранешен потпредседател на Каракачанов во ВМРО БНД) и ИТН на Слави Трифунов. На Костадинов и Трифонов им пречи предлогот Бугарите да бидат малцинство (нема Македонци во Македонија) и предлог решението за македонскиот јазик (нема Македонски јазик). Овие позиции на Костадинов и Трифонов се против Македонизацијата на Македонија и напуштање на тезата за еден народ во две држави. Кога овие ставови ќе ги споредиме со стравувањата на Мицкоски од бугаризација и асимилација на Македонците….останува впечатокот дека противниците на францускиот предлог и од едната и од другата страна на границата грубо манипулираат со содржината на францускиот предлог.

Според мене, францускиот предлог е добра основа за излез од блокадата наметната од Бугарија. Да треба да се надгради и да се допрецизира…НО, што е она што мора да го одбележиме како позитивно, несомнено тоа е решението за македонскиот јазик со кое дефинитивно веќе не се доведува во прашање употребата на македонскиот јазик во ЕУ. Во поглед на кревањето на ветото, има компромисна формула, Првата Меѓувладина конференција веднаш на 23 јуни, почетокот на преговорите по промената на Преамбулата на Уставот и вметнувањето на нашите сограѓани со бугарска самосвест во неа.

Дали и кога ќе се обезбеди дво третинско мнозинство зависи од нас ( кога власта и опозицијата би имале нормална комуникација за нашите стратешки интереси, за нецели 4 месеци може да заврши процедурата за измени на Уставот). До саботата вечер  ВМРО ДПМНЕ не беше против, бараше само гаранции дека тоа ќе биде последното барање од Бугарска страна.

За крај на оваа моја анализа веројатно клучната дилема, мораше ли бугарските барања ( 4 плус 1) да бидат дел од преговарачката рамка ( во делот Основи) ? Според мене, долго време не убедуваа нашите најголеми поддржувачи на патот кон ЕУ, Германците, дека билатералните спорови треба да бидат надвор од преговарачката рамка…сега, по се изгледа, дека нема да биде така! Но да ја поставиме поинаку дилемата! Дали некој гаи илузии дека можеме да влеземе во ЕУ без да го почитуваме Договорот за пријателство и соработка со Бугарија од 2017 година? Дали нам не ни одговара оценката за исполнувањето на договорот да го дава неутрален арбитар ( Комисијата на ЕУ), а не само Бугарија? Дали во случај бугарските барања  да не се дел од Преговарачката рамка ќе ни биде полесно да ги имплементираме? За крај да го повторам мојот став, да бидеме проактивни, францускиот предлог дава добра основа да го надминеме спорот со Бугарија и конечно по 17 години да ги започнеме преговорите за членство.

Проф. Д-р Владо Бучковски

Колумна Бучковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 31, 2026

ССМ денеска на прес конференција ги најави блокадите

ВЕСТИ January 31, 2026

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, на прес конференција соопшти дека…

Камерите на Безбеден град од утре ќе регистрираат казни – ќе санкционираат од 15 до 200 евра и ќе сведочат за одзема дозволи

January 31, 2026

Трамп: Со голема армада се движиме кон Иран па ќе видиме што ќе се случи натаму

January 30, 2026

ЦИВИЛ ги повика сите хумани луѓе да се приклучат на хуманитарната акција: Топлина за Украина

January 29, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.