Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта ги остави „Сваровски“ судиите затоа што не е заинтересирана за судски реформи

0
By Соња Петрушевска on July 5, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последните настани во  судството со ослободување на браќата Павловиќ, одложувањето на затворската казна за Јанкуловска но и најавите дека се бара начин како судиите да се спасат од разрешувања ги урнаа очекувањата на граѓаните за праведно општество, судејќи според реакциите и критиките, особено низ социјалните медиуми.

Сето ова се случува во време кога  СЈО е блокирано, истрагите запрени, а новите законски решенија за правосудството од кои се очекуваа реформи останаа на хартија.

Остсутвото на храбри решенија во оваа сфера комплетно ги девастираше очекувањата на граѓаните за правда – коментираат експерти со кои зборуваше НОВА.

Треба да се рестартира целиот систем во судството, затоа што системот е целосно злоупотребен- вели профеосорот Гордан Калајџиев.

„Овој системот на самоуправување кој што е начелно прифатлив, но е злоупотребен, сега не може да е врати на прав колосек затоа што тие научиле така да функционираат – погрешно. Со  мали козметики, тој  секогаш ќе функционира како што функционира сега. Значи ни треба ново корито и затоа треба договор за да се рестартира системот на други основи за што треба малку повеќе храброст и консензус, ама вака не може да се тера“ рече професорот Гордан Калајџиев за НОВА.

Новиот модел Калајџиев  очекува да биде предложен од  Телото за реформи  во Министерството за правда кое исто така најпрво треба да се рефоирмира и во кое ќе членуваат независни експеерти кои ќе понудат решенија.

„Во судството нема реални промени – и покрај донесените законски измени и хармонзиацијата на законот со европското законодавство во судството и натаму најбитни се влијанијата од субјективен карактер“ коментира судијата Лазар Нанев.

„ Судиите немаат подготвеност и желба да се дојде до вистински промени“ вели Нанев.

И професорката Беса Арифи вели дека тешко е да се реформира нешто што не е подготвено за реформи.

„ Имаат докази, имаат се, а ги ослободуваат – ние не знаеме дали е тоа по нечиј налог, меѓутоа кога велиме дека имаме послободно општество судиите не треба да чекаат налог за да носат пресуди ,туку имаат можност сами да донесат пресуди и да кажат не може повеќе така, но колку е реално тоа да го очекуваме од дел од судии кои се научени да работат по нечии налози“ вели Арифи.

Арифи исто така наведува дека во овој сегмент изостанаа „храбри реформи“ – дали ветинг или друг начин на проверка на судиите е прашање на договор, но мора да се настапи со јасна стратегија. Препораката од Прибе и меѓународната заедница дека треба да му остави простор на судството само од себе да се реформира се покажа дека кај нас не е применлива.

Одговорност за судии: Итната претставка за судијата Вангеловски две години стои во фиока 

И покрај лошите оценки кои судството ги добиваше во последните години , ниту еден судија не е разрешен, ниту е покрената одговорност за незаконско работење. Претставките за работата на судиите  стојат со години во фиоките на Судскиот совет,  а разрешница нема. Иницијативата за разрешување на Вангеловски  се уште не стигнала на дневен ред на Советот, како и за уште двајца судии од Врховниот суд, затоа што му го укинаа притворот на Сеад Кочан- додека беше во бегство.

Судскиот совет е составен од 15 членови – во него членови се и  министерот за правда и претседателот на Врховен суд но тие немаат право на глас. Во Судскиот совет членуваат и  осум  судии избрани на непосредни избори, тројца ги бира Собранието , а двајца Претседателот.

Новиот претседател на Судскиот совет Здравев  кој беше избран во април оваа година е од редот на Врховните судиии за кои редовно стигнуваат претставки до Советот.

Она што е сиптоматично коментираат за НОВА познавачи на работата на Судскиот совет е што и покрај фактот што претставката поднесена уште во 2017 година од Советот за утврдување на факти против претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски требала да се разгледува како итна воопшто не е стигната на дневен ред.  Нашите извори велат дека Советот единствено за оваа претставка вели дека „е во тек“ за разлика од сите други преставки за кои детално информира за се што е преземено од страна на Советот (формирана е комисија, кои се членови, колку пати се состанале).

Но и Судскиот совет да донесе предлог за утврдување на одговорност кај Вангеловски, тој може да поднесе жалба на ваквата одлука и тоа до Врховниот суд. Во ваков случај, Вангеловски ќе треба да се изземе од Советот кој што ќе одлучува. Доколку врховните судии ја прифатат неговата жалба, целата постапка се враќа назад во Судксиот совет кој треба по втор пат да ја потврди својата одлука за евентуална одговорност на Вангеловски за таа да стане важечка.

Одлуката се носи со мнозинство гласови – од членовите на Советот, односно најмалку 7 членови треба да гласаат „за“ – во декември лани беа  избрани  5 нови членови на Судскиот совет. Претседателот Пендаровски пред една недела го повлече предлогот на Иванов за член на Судскиот совет и го предложи Миљазим Мустафа. Собранието се уште не гласаше за Мустафа.

Во меѓувреме до Врховниот суд двајца адвокати доставија претставка со која се бара од Судот да донесе начелно правно мислење според кое за судиите што се предложени за разрешување да може да важат одредбите од новиот Закон за судови, а во кој е предвидена и дисциплинска мерка за судиите. Врховниот суд ја одложи расправата по овој точка за следната седница.

Судијата Нанев коментира дека Врховниот суд нема право да се меша во работата на несудски орган како што е Судскиот совет.
„Врховниот суд може да дава мислење за тоа како треба да постапуваат судовите по конкретен предмет, а не може да дава мислење за сдускиот совет кој не е судски орган и да му дава мислење како треба да постапува“ вели Нанев.

За него е клучно да се утврди индивидуалната одговорност кај судиите.

„ Одговорноста кај судиите е индивидуална, поединечна. Секоја судија е одговорен за своите постапки -затоа што одлуките треба да ги ги носи независно. Еден од начините за средување на состојбите во судството е да се детектира одговорност на поединците – проблемот според мене е кај дел од судиите во Основниот суд, Апелација и Врховен, останатите работат според законот и не треба да ги генерализиме. Додека не се утврди индивидуална одговорност нема да се надминат проблемите“ рече Нанев.

По шест месечни преговори – нема договор за СЈО 

Процесот за договорање со СЈО трае со месеци и додека власта и опозицијата чекаат едната страна да ги прифати барањата на другата, истрагите на СЈО се блокирани, а не можат да поднесуваат ниту обвиненија  по мислењето на Врховниот суд дека завршил законскиот рок.

Засега од сите предмети на СЈО пресуди има за три предмети: за Тенк – случај за кој затворска казна отслужува само Ѓоко Поповски, затоа што Врховен и го одложи издржувањето на затворската казна на Јанкуловска, а Груевски побегна.

Пресуда има и за Титаник2, но ниту еден од осудените не е во затвор – и за случајот Труст. Сеад Кочан на 17 јули треба да започне со издржувањето на затворската казна. За „Тревник“ вчера беше донесена ослободителна пресуда.

„ Многу луѓе немаат интерес да е донесе законот за СЈО. За Законот за Јавно обвинителство треба да гласаат 80 пратеници – не знам дали сите сакаат да се донесе овој Закон кој е заглавен“ вели Арифи.

Владината верзија на Предлог – законот за Јавно обвинителство беше доставена до Собранието во јануари година. Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска вели дека Законот треба да се донесе со широк консенсуз.

-Она што сакаме да го испратиме како порака е дека овој закон треба да се донесе со широк консензус, имајќи предвид дека Законот за СЈО беше гласан од четирите најголеми политички партии во Собранието. Пожелно е и сега да се изгласа со широка поддршка од опозицијата и од тие причини тргнавме во дијалог. Дел од амандманите прифативме, но има еден дел од анадманите кои не можеме да ги прифатиме, а тие претежно се однесуваат на статусот и работењето на СЈО, вели Дескоска.

Власта неколкупати го пролонгираше рокот за договор за законот за СЈО – последниот што го ветува е септември.

Во судството недостасуваат храбри реформи се согласуваат нашите соговорници. Овој изминат период од две години покажа дека само со козметички промени и нови закони, судството не може само да се реформира и да испорача  правда која граѓаните со години ја чекаат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.