Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта има пари за се, но не и за загубарите

0
By Нова ТВ on June 14, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените во Еурокомпозит се на генерален штрајк, работниците во Охис речиси секојдневно ја блокираат улицата пред нивната фирма, бараат плати и здравствено осигурувања. Државата неколку пати распишува тендери за нивна продажба, но засега неуспешно, се вели во анализата на Радио Слободна Европа.

Од споменици до барокни фасади и шпански скали – се чини дека власта наоѓа пари за сè само не за државните загубари.

Синдикалците посочуваат дека токму владата е одговорна да ги исплати овие работници кои чекаат плата и по 20 месеци.

„Јас лично имам 3-4 картички во минус и се подлабоко и подлабоко одам во минус, кој ќе не вади јас не знам!“

„Секоја недела извршителите ни се над глава.“

Потензична е атмосферата во некогашниот гигант „Охис“. Вработените три години се без сини картони а им доцнат 20 плати.

„Ние една година сме без плата, но владата не решава ништо иако е компетентна тоа да го направи. Тендери, тендери, тоа е само залажување на народот“.

„Сопругата ми е без работа, се пријавува во Завод, бара сини картони, од таму и велат дека не и следуваат затоа што има вработен во семејството, а вработениот е и без пари и без сини картони“.

На дел од вработените не им е јасно како државата планира да ги продаде загубарите.

„Долгот е голем, има долг преку 20 милиони евра, боите се дадени под хипотека и затоа се тешки за продажба.“

Дополнително дел од вработените во Охис велат дека одредени погони се демонтираат што фрла сенка на критериумот продажба на загубарите под услов задржување на сите вработени. Имено, што ќе прават работниците ако погоните се уништуваат?

Посуштинско прашање е како покрај разните владини расходи со народни и позајмени пари не се најдоа пари за овие работници?

Синдикалецот Пеце Ристески вели дека иако се државни, овие фирми не се јавни претпријатија.

„Државата тука сака да се извлече имајќи в предвид дека тие не се јавни претпријатија, тие не се државни установи односно државна администрација, јавен сектор каде уште со носењето на буџетот се предвидуваат средства, додека за оваа намена само ад хок кога ќе се изврши некој притисок или во некои други случаи.“

Намалениот број на нарачки директно се одрази на примањата на вработените, објаснува Ристески за Радио Слободна Европа.

„Тој обем е намален, реализацијата е намалена, плаќањето е отежнато и затоа е доведено во оваа ситација. Само за Емо можам да споменам дека ситуацијата таму е позната, таму има друштва со ограничена орговорност, односно ДООЕЛИ во кои работниците немаат земено по 30-40 плати.“

Во анализата на Радио Слободна Европа се истакнува проблемот – додека вработените во Еурокомпозит се на генерален штрај, работниците во Охис речиси секојдневно ја блокираат улицата Борис Трајковски. Проблематична е состојбата и во ЕМО од Охрид.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.