За изградбата на новата фонтана на плоштад Македонија властите од Град Скопје не кажуваат колку ќе чини реновирањето на Плоштадот, туку само дека 2/3 од парите ќе ги обезбеди Владата, а останатите Градот, пишува Вест.
Во сегашниот детален урбанистички план “Мал ринг” новата фонтана ја нема. Фонтаната треба да се изгради меѓу фонтаната на Александар Македонски и Камениот мост, и да се врати коцката на целиот плоштад.
Се јавиле три фирми на огласот на Град Скопје. Се работи за фирмите “Крин кг “од Прилеп, “Урбан инвест” и АД “Пелагонија – Гостивар”.
Од Град Скопје изјавиле дека комисијата ќе направи процена на понудите, по што ќе ги информира учесниците за електронската аукција за избор на најповолната.
Фонтаната треба да биде со 128 прскалки, кои ќе се употребуваат само во летниот период. Таа ќе биде со должина и ширина од 15 метри.
Според најавите на градските власти, за време на реконструкцијата, постојните плочи на Плоштадот делумно ќе бидат зачувани, а другите ќе бидат извадени и ќе се употребат на плоштадот кај црквата “Пресвета Богородица”.
На местото, пак, на извадените плочи ќе биде поставена коцка.
ВИДЕО: Проектот Скопје 2014, во кој првично не беше планирана нова фонтана