НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влијателни медиуми: Идеи околу безбедносните гаранции за Украина пред состанокот на министрите на НАТО

0
By Zoran Ivanov on December 3, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот висок претставник на ЕУ, поранешната естонска премиерка, Каја Калас, позната по својот исклучително тврд став кон Москва, признава дека е се потешко да се постигне единство во ЕУ во однос на зајакнувањето на материјалната поддршка за Украина.

Монд, Тагешау, Вашингтон пост, Полска, Волкскрант, Стампа:

Многу медиуми и аналитичари во Европската унија известуваат дека повеќето европски членки имаат различни идеи за безбедносните гаранции за Украина, за што денеска и утре ќе разговараат шефовите на дипломатијата на НАТО, пренесе Бета.

Новата шефица на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, за време на нејзината прва посета на Киев рече дека Европската унија мора да му помага на Киев „колку што е потребно“ за „Украина да ја добие војната“ и дека наводно некои членки на Унијата се подготвени да испратат војници во Украина.

Францускиот весник „Монд“ наведува дека „Европејците бараат други решенија освен ставање под заштита на НАТО на деловите на Украина кои не беа окупирани од руските војници“, а тоа го потврдува и до неодамна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој подвлекува дека има „други опции за вооружување и поддршка на Украинците“.

„Монд“ додава дека „дипломатите во НАТО со месеци сугерираат дека има мали шанси Украина да добие покана за членство во оваа воена организација… неколку членки на Атлантската алијанса, вклучувајќи ги Америка и Германија, јасно ставија до знаење дека тие не сакаат да бидат вовлечени во војна со Русија“.

Аналитичарот на германската веб-страница „Тагешау“ истакнува дека „прашањето како да се обезбеди прекин на огнот во Украина се поставува во контекст на претстојната промена на власта во САД“.
„Доналд Трамп, како претседател, би можел да се обиде да ги натера Украина и Русија да преговараат“, истакнува „Тагешау“.

-Украина, додава германскиот сајт, „може да се закани дека ќе ја прекине воената помош во случај на одбивање, додека рускиот претседател Владимир Путин може да биде под притисок да седне на преговарачка маса со закана дека дополнително ќе ја зголеми воената помош за Киев“.

Но, весникот „Вашингтон пост“ пишува дека „многу американски претставници предвидуваат дека во рок од неколку месеци Украина би можела да биде принудена да стапи во преговори со Русија за прекин на војната со откажување од дел од територија“.

Новиот висок претставник на ЕУ, поранешната естонска премиерка, Каја Калас, позната по својот исклучително тврд став кон Москва, признава дека е се потешко да се постигне единство во ЕУ во однос на зајакнувањето на материјалната поддршка за Украина.

-Оваа војна трае веќе некое време и, вели таа, „се потешко е да им се објасни на нашите сограѓани“.

Полскиот неделник „Полска“ пишува дека за Киев „територијалниот интегритет одамна е табу, барем официјално, иако украинските дипломати се согласија дека Донбас и Крим не можат да се обноват во догледна иднина“.

Аналитичарите и медиумите во ЕУ укажуваат дека е јасно дека Киев има големи тешкотии да спречи понатамошно продирање на руските војници, дека на пат е сурова зима, а украинската армија нема доволно персонал и оружје.

И италијанскиот весник „Стампа“ вели дека е „признание дека се заканува уште една зима под бомби, студ и темнина…сега за првпат повеќе од половина Украинци се изјасниле дека се за прекин на огнот и преговори.

Холандскиот весник „Волкскрант“ заклучува дека „се вели дека Европа сега мора да се подготви да биде многу подиректно вклучена во безбедноста на Украина по мировниот договор“.

Многу медиуми во ЕУ ја пренесоа и изјавата на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров дека во сегашната ситуација Москва не прифаќа прекин на огнот, бидејќи смета дека тоа само ќе им даде време на западните партнери на Киев повеќе да зајакнат со оружје и да се опорави украинската армија.

Во извештаите, пак, се потсетува дека рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека е подготвен да разговара со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крајот на војната во Украина.

Путин рече дека Киев треба да се откаже од желбата за влез во НАТО, руски извори неофицијално објавија дека Кремљ може да се согласи да го замрзне конфликтот долж линијата на фронтот.

Иако Русија, како што е објаснето, нема да прифати пристап на Украина во НАТО или присуство на војници на НАТО на украинска територија, таа е отворена за разговори за безбедносните гаранции за Киев.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

ВЕСТИ August 31, 2025

Овој 1. септември не го означуваме почетокот на учебната година, туку 10 месеци од падот…

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

August 28, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.