Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-БНД:Да се признаат Бугарите како државотворен народ

0
By Нова ТВ on July 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Промена на македонскиот устав е едно од барањата на бугарска партија ВМРО БНД, која пред вчерашната меѓувладина средба во Ќустендил, го советувала бугарскиот премиер Пламен Орешарски како да разговара со неговиот македонски колега Никола Груевски, објавува Јавност.

Ова се наведува во бугарските медиуми за меѓувладината средба, при што покрај оценките на двајцата премиери, без исклучок се споменуваат и протестите на ВМРO-БНД пред општинската зграда во Ќустендил, кои тие ги нарекуваат симболични.

Писмото со совети и барања е потпишано од Националниот извршен комитет на партијата и во него Орешарски е советуван на какви позиции да застане бугарската влада во разговорите и што треба да побара од Македонија за да се подобрат односите меѓу Скопје и Софија.

Да се признаат Бугарите како државотворен народ

Првото барање се однесува на промена на уставот, а под тоа слeдуваат уште четири точки:

– Задолжителна промена на Уставот на Р. Македонија, која треба да го признае бугарскиот колектив во државата како уставен и државотворен;
– Заштита и гарантирање на сите човечки и политички права на стотиците илјади македонски граѓани со бугарско самочувство, низ законски признати и гарантирани права за здружување во општествени и политички организациии, на пристап до медиуми и на користење на бугарскиот, како официјален јазик во медиумите;
– Запирање на говорот на омраза од страна на властите и медиумите во Македонија насочен кон бугарите и Бугарија;
– Промена на учебниците по историја во Скопје, кои се носители на таа омраза;
– Запирање на кражбите и фалсификатите на бугарската историја;

Според ВМРО БНД ова се основните предуслови за да може да се потпише договор за пријателство и добрососедски односи меѓу двете земји и да се одбранат интересите на, како што наведуваат од ВМРО БНД, 120.000 бугарски државјани во Македонија и стотици илјади други со бугарско самочувство.

Потпишувањето на договорот за добрососедство е повеќе од неопходен и во него Македонија треба да го признае постоењето на општиот историски корен на славјанското население во двете земји, а тоа да влезе и во учебниците, сметаат од ВМРО БНД.

Партијата уште бара во Македонија да не се следеле граѓаните со бугарска самосвест, како и да се изготви програма за зачувување на бугарското културно историско наследство, вклучително и на воените споменици.

Груевски им доцнел еден час

Бугарските медиуми нагласуваат дека протестите на ВМРО БНД биле симболични и дека биле предводени од заменик претседателот на ВМРО БНД Ангел Џамбазки.

Тие одбележуваат дека десетината демонстранти направиле обид на македонската делегација да и подарат бугарско национално знаме, но откако биле спречени од обезбедувањето, ја запеале старата химна на ВМРО „Изгреј зора на слободата“.

Дел од медиумите го цитираат Џамбазки дека на тој начин сакале да го научат Груевски на нешто „што не го пишувало во српските учебници“.

-Претпоставувам дека Груевски за прв пат ја слуша химната на Организацијата и првата химна на Република Македонија, бидејќи тоа не го пишува во српските учебници. Би било убаво тоа да го знае, бидејќи тој е сепак претседеател на партија со предзнак ВМРО – изјавил Џамбазки.

Десетината демонстранти носеле пароли како што се „Долу рацете од бугарската историја“, „Не за теророт врз бугарите во Македонија“, „Македонија е бугарска“, итн.

Бугарските медиуми во своите извештаи од вчерашната средба акцентот го ставаат на збoровите на Орешарски дека Софија стои на барањето за потпишување договор за добрососедство, како и на изјавата на двајцата премиери дека и покрај разликите треба да се продолжи со економската соработка и со инфраструктуните проекти.

Дел од медиумите забележува дека македонското обезбедување направило обид да влезе од задната страна на зградата откако ги виделе демонстрантие на ВМРО БНД, како и тоа дека делегацијата на Груевски доцнела еден час на средбата.

ВМРО – Бугарско национално движење во моментов е непарламентарна политичка партија, но со одредено влијание врз секоја владеачка елита во Софија. Претседател на ВМРО – БНД е Красимир Каракачанов, лустриран соработник на бугарските тајни служби, токму за прашања поврзани со Македонија објавува Јавност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.