Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ бара оставки, СДСМ им порачува дека се опасни за јавното здравје

0
By Нова ТВ on October 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ и денес излезе со соопштение во кое обвини дека министерот за здравство Венко Филипче потфрлил бидејќи секој трети тестиран во Македонија вчера имал Ковид. Ваквото обвинување дојде во пресрет на денешната расправа во Собранието за Законот за заштита на јавното здравје за кој ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да го гласа, но ќе обезбеди кворум, за да вчера се премисли и излезе со свој предлог за формирање нова комисија за справување со епидемијата бидејќи според нив оваа премногу и служела на политиката, што е најава за блокада на новите мерки со кои треба да се спречи наглото ширење на епидемијата. Како расте бројот на заболени, така епиемијата се повеќе се користи за политичка борба, место да се води борба против неа.

-Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче. Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип. Есенскиот бран на Ковид го фати целосно неспремен Филипче, иако самиот тврдеше дека на есен вирусот ќе биде појак, ништо не презема.

Лошиот менаџмент со системот придонесе Македонија да е една од земјите на врвот во Европа по заразени на милион жители, но и починати. Ова е жално и трагично.Се што направи Филипче е вперување на прстот за вина кон граѓаните. Граѓаните сега се виновни за неговата неспособност. Не се Филипче виновни граѓаните. Преземи одговорност и дај си оставка веднаш, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ им реплицираа дека опозициската партија дејствува опасно по здравјето на луѓето

-Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во време кога расте бројот на инфицирани со коронавирусот, а  болниците се полнат, продолжува да ја злоупотребува сериозна здравствена ситуација за дневнополитички поени.Од почетокот на коронакризата во земјата, од безидејното ВМРО-ДПМНЕ не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики.Во деструктивноста предничи тоа што заменичката министерка за финансии во техничката влада цело лето, го кочеше заемот од Светска Банка од 90 милиони, наменет за поддршка на здравствениот систем и подготовка на дополнителни болнички капацитети. Да не беа нивните блокади, досега болниците ќе беа подобро опремени и подготвени за есенскиот бран.

Цела есен, во време на сериозен бран на коронавирусот, раководството на ВМРО-ДПМНЕ организира масовни собири за спас на фотелјата на Христијан Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Колку на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им е битно здравјето на граѓаните говори фактот што бараа предвремените избори да се одржат есенва, а колку навистина се загрижени за коронавирусот говори фактот што во Собранието ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести кои се потребни за зголемување на превенцијата од коронавирусот, регираат од СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.