Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ е вечно

0
By Биљана Секуловска on November 29, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не верувам во светоста за која говори Шеќеринска. Да се помести и преврти светот и земјата да стане рамна плоча, да не распарчи атомска бомба и да ги влечкаат сите неблагодарници по улица, се ќе остане исто. Кога Пендаровски вели- “Македонија вечна”, јас слушам друга музика, други гласови кои му одговараат: Не, пријателе, ВМРО-ДПМНЕ е вечно!

Деновиве ја видов Радмила Шеќеринска на некоја трибина во Куманово, во својство на заменик-претседателка на СДСМ како информира дека имаат документи за злосторничко здружување на владата на Груевски. Сумирано, ова e информацијата на Шеќеринска: “Да покажеме како се крадат изборите, да покажеме како се крадат парите од Буџетот, да покажеме како се злоупотребуваат и институциите и медиумите, и се што во оваа држава сме сметале дека е свето.“

Тоа е таа бомба која се најавува два месеци, за неа говореа Заев, Пендаровски и други од СДСМ, но овој пат одмавнав со раката и заборавив на целата приказна. Затоа што се сомневам дека некаква бомба воопшто го интересира овој народ, ве молам, зарем би се покренал, зарем би крикнал- Доста е! Не верувам дека сето ова што го наброја Шеќеринска е свето за некого во оваа земја.

Се сомневам дека народот би се загрижил ако види документи, видео и аудио снимки, кои покажуваат јасно дека постои некаков криминал на власта, дека оперирала преку злосторничко здружување. Силно би се изненадила ако некој воопшто трепне на цврсти докази дека се лажирале избори, се печателе лажни лични карти и пасоши, се фалсификувале документи, се палеле докази, се переле пари, се изнесувале со куфери или преку трансакции во даночните раеви и се славеле во некои егзотични краеви на светот милионите и можеби првата милијарда, се уценувало, погубувало за погрешен поглед или токму за вакви докази, зарем има некој што би се трогнал ако се открие дека имало закани за физички ликвидации, нивни реализирања, прислушкувања, наркомански оргии, поддршка на исламски радикализам и македонски национализам, опасност од нов конфликт.

Кого навистина интересира дека секојдневно се силувал овој народ.

Со сета должна почит, но единствените молитви на овој народ се упатени само за Партијата на власт. Можеби во Шведска се свети демократијата, институциите, медиумите, правата и слободите, парите на граѓаните- даночни обврзници. Можеби во Шведска власта корумпира, а апсолутната власт апсолутно корумпира, и затоа се свети изборите и важноста од заменливост, од променливост на политичарите.

Тука овој народ го сака Субрата Рој. Со меланхолија и сјај во очите се сеќава на 20 илјади крави кои никогаш не пристигнаа, но не верува дека тие не постојат, туку е убеден дека не се знае кога ќе дојдат. Не би се изненадила ако има деноноќна стража по граничните премини по овој светол повод. Со гордост се слика под копитата на Букефал и фрла паричка во фонтаната замислувајќи само една желба- утре да има доволно пари да стигне на истото место, макар да ја допре опашката. Сака да го лажат дека најпрво настанале македоноидите како единствена и непобедлива раса, а потоа од неквалитетните остатоци на ДНК се распоредиле останатите раси за да им служат на денешниве великани од македонски народ. Сака да биде потомок на Александар и во исто време да им носи на децата остатоци од студени сендвичи од “Појадокот на мостот”, стуткани по џебовите на пантолоните кои се купени во некои заборавени времиња од квалитетен штоф во “Громби”, а сега само се распарани и подзакрпени со кинески конец.

Затоа што никој досега така добро не ги лажел. Никој досега не им ветувал гротескни успеси ако гласаат за вистинската партија- бесплатно скијањето за пензионерите, или најкрупни, животни дела- дека ќе добијат дете со вештачко оплодување ако го заокружат човекот кој тоа ќе им го овозможи, дека и следната година ќе имаат привилегија да појадуваат на Мостот, дека ќе плаќаат неколку пати за здравствено осигурување за разлика од оние кои се на власт- но, ако, тие заслужиле и повеќе од тоа, дека секогаш ќе има некој да им каже што да прават, колку деца треба да имаат, како да се хранат здраво додека одамна ги проголтала сиромаштијата, дека ќе бидат казнувани најсурово и ќе ги стигнат извршителите кај и да се, но и дека ќе добијат 500 денари за избори или можеби дека ќе бидат ставени на некој список, дека некогаш ќе се сетат на нив и никогаш нема да паднат во заборав. Затоа што Македонија се сака со дела!

Затоа не верувам во светоста за која говори Шеќеринска. Да се помести и преврти светот и земјата да стане рамна плоча, да не распарчи атомска бомба и да ги влечкаат сите неблагодарници по улица, се ќе остане исто. Ништо нема да мрдне, нема да затрепери. Ниту едно ливче на гранките, трепавица на нечие око, ниту една гласна жица нема да се помести за да произведе и најмал звук. Затоа кога Пендаровски вели- “Македонија вечна”, јас слушам друга музика, други гласови кои му одговараат: Не, пријателе, ВМРО-ДПМНЕ е вечно!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.