Со договорот за “Јужен тек” што беше потпишан минатата недела помеѓу Владата на Република Македонија и Руската федерација, Македонија влегува во најголемиот енергетски, воопшто економски проект во последните 23 години.
-Тоа е фактот тоа е вистината која и причинува болка на СДСМ и се обидува да го осуети овој успех на Владата на ВМРО-ДПМНЕ со безуспешни и малициозни настапи во јавноста, се вели во соопштението на владејачката партија како реакција на прес-конференцијата на СДСМ.
>>СДСМ: Владата да го објави договорот со Русија за гасоводот
„Во повеќе наврати беше објавено дека гасификацијата на Македонија и влегувањето на земјата во проектот Јужен тек се два различни проекта, меѓутоа дека се взаемно поврзани и условени. Сепак, испровоцирани од неинформираноста на СДСМ ќе објасниме на наједноставен начин што секој од овие проекти значи.
Имено, бидејќи Македонија нема природни извори на гас, а гасот нема нозе сам да дојде во земјава, потребно беше да се обезбеди сигурен доток на овој енергенс што беше направено со потпишување на договорот за приклучување кон коридорот Јужен тек“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека ова е голем успех за Владата и за Македонија бидејќи се обезбедува енергетска иднина за следните 50 години и бидејќи Македонија стана дел од овој стратешки битен гасоводен коридор, иако на почетокот не беше ниту планирано да биде дел од него.