Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широла коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија.
Партиските штабови веќе тргнаа да бараат решение во заострување на односите со Бугарија.
Во знак на револт на бугарската одлука за ВЕТО врз македонските евроинтеграции, членови од подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба го заплија националното знаме на Република Бугарија и за истото се пофалија со видео на фејсбук со наслов “Одговор за заедничката историја”.

Дали Мицкоски смета дека на овој начин ќе се реши прашањето е нејасно, но партискиот лидер на луѓето кои го палат знамето го премолчува овој чин, во негов стил. Без осуда или без поздравување. Едноставно без став.