Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО – ДПМНЕ: Граѓаните на Центар ќе паркираат по парковите

0
By Нова ТВ on August 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните во општина Центар ќе паркираат по парковите и во дворовите на градинките, бидејќи Жерновски има фрустрација кон сите проекти кои се започнати пред него, а тој сега е власт во Центар, па прави што сака, регираат од ВМРО – ДПМНЕ.

>>Центар се откажа од барокната гаража кај „Нова Македонија“

Според нив, Жерновски ниту ги праша граѓаните дали да ја сопре изградбата на катната гаража, ниту пак соопшти колку градинки и паркови и со која вредност поединечно, ќе изгради на местото на катната гаража.

„Се плашиме дека граѓаните нема да видат ни многу градинки, училишта и паркови, а сепак ќе останат без катна гаража, заради хирот на власта на општина Центар на чело со Андреј Жерновски“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ апелира кон Жерновски да ја продолжи изградбата на катната гаража во општина Центар.Центар треба да оди напред . Му требаат и паркови и градинки и катни гаражи.

ВМРО-ДПМНЕ го смета чинот за запирање како уште еден доказ за неспособноста на Жерновски да ја води општината Центар. До сега Жерновски само запира градби, прави протести и се обидува да поништува планови.

„Не видовме ниту еден сериозен проект во овие 100 дена од него. Само глумење на жртва и рушење на започнатото. Се разбира, не ја потценуваме важноста на остранетата бандера, која беше удрена од возило, проект на кој Жерновски му посвети должно внимание пред очите на сите македонски медиуми“, стои во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.