Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – поништување на изборите во Струга

0
By Нова ТВ on April 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ограноците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Струга на заедничка прес конференција обвинија дека вториот круг од локалните избори бил нерегуларен и побараа ДИК да ги поништи резултатите од вчерашното гласање за градоначалник, според кои победник е кандидатот на ДПА Зијадин Села, јави Ohridnews.

Двете партии изнесоа примери на нарушување на изборниот процес, што според нив влијаело на исходот од гласањето.

„Сакаме да ја известиме македонската јавност дека изборните резултати во општина Струга за нас се целосно нерегуларни и неважечки. Како доказ за овие нерегуларности се признавање на резултатите од повеќе избирачки места каде што беа евидентирани празни избирачки ливчиња и каде беа утврдени повеќе избирачки ливчиња во гласачките кутии. Оттука бараме од ДИК да го поништи целосно вториот круг во општина Струга и да овозможи фер и регуларно гласање, да овозможи нов изборен круг на кој граѓаните на Струга слободно ќе ја изразат својата волја без никаков диктат.-изјави Крсто Мукоски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и координатор на ИШ на кандидатот за градоначалник Владо Кочоски.

Како што пренесува Макфакс, претседателот на општинската организација на СДСМ во Струга, Ристе Ќушкоски, посочи примери за изборни нерегуларности на две гласачки места во Лабуништа.

„Во Лабуништа имаше јавно гласање, шест души гласаат јавно, а претседателот на избирачкиот одбор воопшто не реагираше. Исто така во избирачко место затекнат е член со туѓа лична карта, а претседателот на избирачкиот одбор наместо да реагира го извлекува лицето од избирачкото место“, рече Ќушкоски.

Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ – Струга Перо Петкоски, посочи дека на повеќе членови и заменици во избирачи одбори не им било дозволено да поднесат забелешки во записниците под присила, а советникот Никола Затуроски, истакна дека на денот на изборите приведени се лица меѓу кои и странски државјани кои гласале за лица кои се дел од избирачкиот список во општина Струга.

Забелешки искажа и кандидатот за градоначалник Владо Кочоски, кој го обвини политичкиот ривал дека вршел агитација пред гласачки места со што, како што рече, го прекршил изборниот законик.

За посочените неправилности, според ВМРО ДПМНЕ и СДСМ одговорна е Општинската изборна комисија.

„Бараме разрешување на членовите на ОИК на чело со претседателот Џингис Хани и членовите Камбер Даути и Патриот Даути кои беа директни учесници во нерегуларностите и поддржувачи на овие нерегуларности“, рече пратеничката Лилјана Затуроска.

Според неа, исто така, е потребно да се промени составот на изборните комисии, односно да се овозможи правична застапеност на македонците во изборните комисии, со што ќе се овозможат услови во Струга да има легитимни избори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.