Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел: се поздравија и не проговорија меѓу себе за кризата

0
By Светлана Јовановска on March 23, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (ЕП) попладнево ги седна во иста сала политичарите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ но овој потег не донесе доближување на ставовите ниту пак решение на политичката криза е на повидок.

Радмила Шеќеринска од СДСМ смета дека «приближување на ставови и решавање на проблемот ќе има само доколку неколку лица понесат одговорност а тие лица се во владата”.

Истовремено пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски има сосема спротивен став и вели дека “начинот на избор и разрешување е сведен на уставниот проедок и тука се одлучува кој на која функција е избран”.

Околу целата криза во Македонија и овде во Брисел се потврдија суштинските разлики во ставовите на двете најголеми партии во Македонија.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Радмила Шеќеринска и Лидија Димова од СДСМ дојдоа во Брисел на семинарот што е насловен “Развој на политичката култура и зајакнување на политичкиот дијалог: најдобра пракса од земјите кандидати”. Освен што се поздравија на почетокот на средбата, политичките противници денес само ги слушаа излагањата на нивните европски колеги кои објаснуваа што значи политичка култура и компромис.

Од европска страна тука се Словакот Едвард Кукан и Словенецот Алојз Петерле од групата на демохристијаните, Германецот Кнут Флекенштајн од социјалистичката група како и Словенецот Иво Вајлг од групата на либералите. Сите тие се активно вклучени во евро-македонските односи.

Според Милошоски «не е случаен настанот ни изборот на учесниците”. Овој настан, вели Милошоски, ќе им користи во пратенците од ЕП “во нивната добронамерна мисија да го поттикнаат по дијалогот и кај нас. Наш став е дека ако имаме волја за политички дијалог во ЕП, тогаш зошто не и во Собрание”.

– Во политичката борба дозволени се многу средства и критики, навреди, омаловажувања понекогаш за жал, но не и илегални средства и методи за да се дојде до власт. Ако беа дозволени тогаш Асанж и Соунден ќе беа премиери или лидери на опоизицијата а не таму каде што се. Нивото на политичкаата борба во Македонија кое е заострено и треба да се сведе на институционално дејствување. Тоа ќе биде најдобро за доверба во системот”, вели Милошоски.

Од друга страна Шеќеринска вели дека не очекува чудо од оваа конференција во Брисел.

– Не очекувам чуда од една конференција која е за повеќе земји и не очекувам дека ќе има промена во расположението. Власта наликува на оние мајмуни кои не гледаат, не слушаат и не говорат.

Според Шеќеринска, тешко е да се зборува за “каква култура се зборува кога секој ден во Македонија е јасно дека една мала група луѓе и телефонски го контролираат целото судство и администрацијата и ги злоупотребуваат институциите за свои потреби. ЕУ неколку пат испрати пораки дека за да имате деморкатски процес треба да имате владеење на правото. Снимките кои ги објавувме за жал не успеаа да продрат во јавниот сервис кој ја има обврската да инфорира и тоа покажува дека правната држава е мислена именка”, вели потпретседателката на СДСМ”.

Разликите на ставовите се видливи и на прашањето за можниот иден процес за “Пуч”.

Според Милошоски “добро е што ЕК и јавното обвинителство најдоа заеднички интерес овој процес да биде транспарентен и да биде следен од стручни лица кои имаат свое иксуство во вакви или слични случаи” вели тој додавајќи дека “треба низ правна постпакаа да се дојде до издржано правно решение”.

На прашањето за можни оставки кои би отвориле пат за седнување на заедничка маса помеѓу власта и опозицијата, Радмила Шеќеринска вели дека во Македонија работите се изместени:

– Зборуваме за целосна контрола злоупотреба на полицијата и изборен фалсификат а министрите викаат дека тоа не е проблем, вели Шеќеринска.

Според неа може лесно да се утврди дали снимките се автентични или монтирани преку експертска странска анализа.

– Сте го виделе ли премиерот да побара странсја експертиза? Не. Свесен е дека не се монитрани, ни креирани ни созадени. Луѓето кои разговараат на тие снимки сами ја потврдија автентичноста и практично го демантираа премиерот иако се политички блиски до него. Многу работи ќе се докажат во текот на оваа постапка. Она што е јасно е дека нема да имаме транспаретна постапка се додека првиот човек на обвинтелството Зврлевски, како што вели министерката, знае која му е задачата, вели Шеќеринска.

Семинарот во ЕП продолжува и утре и се очекува посуштинска расправа токму за македонскиот случај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.