Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе има слоган „Сплотени за победа“

0
By Нова ТВ on February 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема член на ВМРО-ДПМНЕ што не е загрижен за случувањата во партијата, а сите се прашуваат зошто ги губат сите избори во последните три години, беше речено на денешната промоција на слоганот под кој ќе се одржи 17-от Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ е Македонија и Македонија е ВМРО-ДПМНЕ. Без силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ не можеме да се надеваме на силна и обединета Македонија. Без разлика дали станува збор за власт или опозиција, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ не е на висина на името кое го носи и застранува, тоа се одразува на државата. Затоа на ВМРО-ДПМНЕ му треба будење и консолидирање – порача Борче Стамов, од Иницијатината за Конгрес на опозициската партија.

Потсети дека за претседателските избори раководството ги убедувало дека „жена ќе биде“ иако никој во Гордана Силјановска не препознавал кандидат на ВМРО. За парламентарните раководството убедуваше дека победата ќе биде убедлива со повеќе од десет пратеници разлика, а доживеале уште еден пораз.

– Беше ветувано дека ВМРО-ДПМНЕ ќе состави влада и дека ќе ја води државата, но и тоа се испостави дека се празни зборови за да се смири членството.
Изминативе шест месеци се ветува ново мнозинство, а СДСМ останува на власт, додека граѓаните и државата влегуваат од една во друга криза. Во ваква ситуација, да не може да се победи еден слаб и неодговорен СДСМ, значи дека нешто не е како што треба во ВМРО-ДПМНЕ – додаде Стамов.

Смета дека им треба отчетност, транспарентност и одговорност, искреност и чесност, односно се што во моментов не го нуди владеачката СДСМ за граѓаните да ја препознаат разликата.

– Првиот чекор во таа насока е организирањето на 17-от Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ закажан за 28 март во Скопје. Како што можевте да видите, мотото под кое што го организираме овој конгрес е „Сплотени во победа“. Веруваме дека само така, сите заедно ќе може да ја постигнеме целта. Веќе се собрани голем дел потписи од делегатите и очекуваме поголема посетеност од конгресот во Валандово.

Вели дека 367 делегати во Валандово го дале својот глас за се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски и заслужуваат лично од него, на конгрес да слушнат дали е задоволен за тоа каде е партијата после три години и дали резултатите кои ги оствари се максимумот што можел да го постигне.

– Иницијативниот одбор, делегатите на конгресот и илјадниците членови на месните и општински комитети кои ја поддржуваат идејата за Вонреден конгрес не заслужуваат да бидат навредувани и нарекувани од Мицкоски со погрдни зборови. Тие не се ничии слуги, ниту се криминалци или предавници. Тоа се луѓето кои му дадоа да води партија која што на претходните парламентарни избори освои 455.000 гласови. Затоа Мицкоски им должи на делегатите. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ мора да биде храбар и да се соочи со своите сопартијци. Конгресот во март во Скопје е добра можност за тоа – додаде Стамов.

Рече дека идниот претседател ќе биде тој што ќе треба да ги понесе „сплотени во победа“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.