„Ние не сакаме да влегуваме во процес на меѓусебни обвинувања и квалификации. Ние повикуваме на дијалог. Разноликоста во позициите на СДСМ треба да се решаваат внатре во самата СДСМ, но сме зачудени како СДСМ си дозволува да го ускрати и правото на некого да побара дијалог“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
>> ВМРО ДПМНЕ до СДСМ: Комисијата да се активира
>> СДСМ: Димовски не е во позиција да поставува ултиматуми
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара да се седне на маса да се дискутира и да има дијалог. Ова одбивање на дебата и дијалог за жал не се разликува од одбивањето за дијалог, кое што кон Македонија го прави еден од нејзините соседи.