Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ дефокусира со „Титаник“: Киднапираа пратеник и го пуштија Ден Дончев да избега

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во ВМРО-ДПМНЕ има нови луѓе кои ќе ги донесат промените кои ѝ требаат на Македонија, реагираат од партијата, откако владејачката СДСМ, денеска побара оставки да дадат сите инволвирани во судскиот процес „Титаник“ во кој поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ признаа вина за изборни нерегуларности.

„Впрочем доколку некој се прашува зошто сеуште има завеани планински села во Македонија со снег, зошто во Галичник мора да се спасуваат во хеликоптер жители и патот е непрооден, зошто Стража, Дебар се редовно отсечени, е поради тоа што тепачот на жени од СДС Ацевски наместо на работа држи партиски пресови. А сега околу суштината: Со прес конференциите како оние на тепачот на жени Ацевски, СДС се легитимира дека седи зад политичкиот прогон на ВМРО-ДПМНЕ и нарачките во судството.Тоа е и дефокусирање од фактот дека киднапираа пратеник и го држеа во владината вила само за да ја спасат владата од паѓање. Тоа е и дефокусирање од тоа што Ден Дончев е на слобода пуштен да избега во Австралија, што Вице и Зоран Заеви се на слобода, тоа што во СДС се уште владее аболиран криминалец, преку неговиот пиун Ковачевски, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „Костадин Ацевски е поранешен пратеник сега директор на „Македонија пат“ кој е познат по тоа што си ја тепаше жената и беше пријавен за тоа во полиција.“

– Само поради тоа што Спасовски ја контролира полицијата таа пријава беше заташкана. Навистина е дегутантно преку тепачот на жени Ацевски СДС да изразува лажна загриженост за владеењето на законите во државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по прес конференцијата на Ацевски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.