Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на денеска одржаната седница на највисоките партиски органи во Охрид донесе проглас во кој се повикува на заедништво, слога и обединување на сите граѓани и прогресивни сили во државата за подобра иднина и промени, во борба против власта која носи порази, понижувања, неуспеси.
Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во местата каде што тие немаат кандидати за градоначалници оти поддршка ќе дадат на кандидатите на Алијанса за Албанците и Алтернатива.