Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ предлага апсолутно мнозинство во Комисијата за импичмент

0
By Нова ТВ on May 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владејачката партија ВМРО ДПМНЕ предложи нејзини 6 члена да бидат дел од новата Комисија за утврдување на одговорност на Претседарелот околу одлуката за аболиција, која брои вкупно 11 члена. Останатите би биле по два члена од СДСМ и ДУИ и еден член од ДПА. За опозицијата овој предлог е непригатлив, бидејќи според соодветна застапеност на пратениците, СДСМ и коалициските партнери заслужвуваат три, а не два члена.

– Немате право да го правите ова. Доставивме писмен предлог со три наши членови. Погледнете го соодносот. Вие можевте и со ДУИ да имате мнозинство, но очигледно е дека не му верувате на ДУИ. Ќе се бориме со сите алатки. Лошо е дека некој мисли дека Соранието е приватна  фирма. Ова е неодбранливо. Човекот има постапено неуставно. Вие сакате да се напише солиден извештај во кој ќе се борите Иванов д се прогласи дури и за херој. Никој не ви верува дека сте против аболицијата. Објаснете зошто имате шест члена, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески.

Тој посочи дека не може да се игнорираат пораките на Хајндл и Хојт Ји дека аболицијата мора да биде повлечена.

Пратениот Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ посочи дека владејачката партија е против аболицијата, но сепак, тоа е уставно право на Претседателот.

-Комисијата нема да носи заклучоци туку технички ќе го достави извештајот до Собранието. Одлуката ќе се носи на пленарна седница. Ние не поднесуваме сметки на странските фактори, туку полагаме сметка само пред народот, рече Илиоски.

Сугарески вели дека Комисијата мора да напише извештај дека грубо е прекршен Уставот, нешто што по одлуката на аболиција јавно го образложија еминентни професори од Правниот факултет.

Албанските блок ДУИ – ДПА исто така ја поддржува иницијативата на СДСМ.

– Свесни сме дека иницијатвата нема да помине. Поддршка од ДУИ имате, затоа што ние сме еден од првите субјекти кој побарал Иванов да ја повлече аболицијата и ние ќе инсистираме на тоа, рече пратеникот од  ДУИ Рафиз Алити.

Според пратеникот од ДПА Имер Алиу предлогот Комисијата да брои шест члена од ВМРО ДПМНЕ е неисправен. Тој побара уште еднаш да се разгледа соодносот на членовите со цел да се види каде ќе одат одлучувачките гласови од ДУИ.

Во моментив е во тек пауза од еден час.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.