Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва прогласи победа во уште седум општини.
Кандидатите за градоначалници од оваа коалиција според информациите на изборниот штаб од ВМРО-ДПМНЕ победиле во Дебарца, Делчево, Берово, Богданци, Кавадарци и скопските општини Ѓорче Петров и Бутел.
Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на прес-конференција информираше дека во убедливо водство се нивните кандидати во Битола, Велес и Кочани.
Претходно коалицијата „За подобра Македонија“ прогласи победа во Чешиново-Облешево, Старо Нагоричане, Јегуновце, Ресен, Лозово и Карбинци.