ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам на сите граѓани на Република Македонија, припадници на муслиманската вероисповест без разлика на нивната етничка припадност.
Им посакуваме празникот да го поминат во семејена радост, хуманост и хармонија, меѓу своите пријатели и соседи, со најискрени желби за успех и напредок.
Деновите поминати во празнична радост се и денови кога се јакнат општоприфатените вредности на толеранција и меѓусебно разбирање.
Овие денови се најдобар миг да ги зацрвстиме нашите вековни принципи на градење на мултиконфесионална и мултиетничка Македонија, во која нашите граѓани од секогаш знаеле да живеат едни со други, а не само едни покрај други, без разлика на нивната верска или етничка припадност.