Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го лаже народот за Скопје 2014

0
By Нова ТВ on April 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако Советот за култура на СДСМ го повика градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски да направи ревизија на проектот Скопје 2014, експресен одговор стигна од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ конечно разбраа дека се фатени во лага и дека се разоткриени сите манипулации кои ги кажуваа и правеа сите овие години, а поврзани со реализацијата на проектот Скопје 2014. Долго време лажеа дека проектот чини милјарда евра и врз основа на таа лага ја градеа својата политика. Но, за нивна жал, со документи се докажа дека не само што проектот чини далеку помалку средства од тоа што СДСМ тврдеше, туку и дека во сите процедури се запазени законските постапки и транспарентност. Се е јавно презентирано пред медиумите и граѓаните се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Воопшто не сме изненадени од погрдните и ниски зборови кои т.н. Совет за култура на СДСМ ги употребува за овој проект, а не доликуваат на луѓе кои себеси се нарекуваат културни работници, но тоа го разбираме единствено заради стравот од конечното разоткривање на своите лаги и манипулации.

Да потсетиме, со документи и транспаренто се покажа дека сите елементи од проектот се спроведени во законска процедура и транспарентно, дека чини многу помалку од тоа што СДСМ ја лажеше јавноста, дека чини само 1,5% од Буџетот во последните години и дека од ден на ден се зголемува значењето на овој проект за Република Македонија одговараат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Советот за култура на СДСМ денеска предупредија дека финасиска ревизија на проектот нема да биде доволна бидејќи срамот на нацијата е предизвикан по многу други основи.

„ Да потсетиме дека Скопје не осамна на насловните страници на сите светски весници по финансискиот скандал туку како „престолнина на кичот“. Проектот меѓу другото е и финасиски скандал, не „перење“, туку „гнасење“ на тешко спечалените народни пари, потрошени на незаконски градежни работи, бездарнички скулптури и панаѓурски кич, како и со астрономски и со ништо заслужени хонорари и набавки на реквизити по цени на кои би им позавидел и емирот од Катар рекоа денеска во соопштението од Советот за култура на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.