СДСМ исто како и Андреј Жерновски во ист тон се обидуваат да ја префрлат одговорноста за сопствените лаги и манипулации, поврзани со проектот “Скопје 2014” на Jавното бвинителство, околу партиски изготвениот ревизорски извештај за проектот, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.
„Исто како и својот коалиционен партнер Жерновски, СДСМ се обидува со неосновани докази, кои немаат никаква правна основа да изманипулираат со јавноста дека проектот “Скопје 2014” е криминален и незаконски. Сакаме да ги потсетиме СДСМ дека судот одлучува според факти и докази, а не според политички манипулации.
>>СДСМ: Обвинителството да реагира по ревизијата за СК 2014
– Наместо и понатаму заедно со својот коалиционен партнер Жерновски да ја префрлаат одговорноста на другите институции во случајов Јавното Обвинителство, го повикуваме СДСМ исто како што го повикавме и Андреј Жерновски, наместо да ја манипулираат јавноста и да ја префрлаат одговорноста на други, лично да поднесат тужби за сите обвинувања кои ги имаат околу овој проект и да ја понесат одговорноста за сите лаги и манипулации што ги изрекле досега.
– На сите веќе им е јасно дека и СДСМ и Андреј Жерновски сето ова го прават само од партиски интереси, односно за прибирање на ситни политички поени. Наместо и понатаму да ги лажат граѓаните за нивниот партиски скроен извештај за проектот “Скопје 2014”, подобро ќе биде да ги остават теснопартиските интереси и да направат нешто корисно за граѓаните на Република Македонија и Општина Центар,“ реагираат од ВМРО – ДПМНЕ.